Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GTS 10 J Manual Original página 349

Ocultar thumbs Ver también para Professional GTS 10 J:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 60
– Ставете го заштитниот поклопец (6) надолу, додека
заштитата за сечило за пила (горна метална шина) не е
паралелна со површината на масата за сечење (8).
– Притиснете го затезниот лост (37) надолу. Мора да се
почувствува и да се слушне кога ќе се вклопат
затезниот лост и заштитниот поклопец (6) и безбедно
да се монтираат.
Пред секое користење, проверете дали заштитниот
u
поклопец се движи слободно. Не го користете
електричниот алат доколку заштитниот поклопец
не се движи слободно или не се затвора веднаш.
Монтирање на паралелниот граничник (види слика d)
Паралелниот граничник (9) може да се позиционира лево
или десно од сечилото за пила.
– Олабавете ја затезната дршка (39) на паралелниот
граничник (9). На тој начин се растеретува V-
водилката (40).
– Најпрво ставете го паралелниот граничник со V-
водилката во водечкиот жлеб (10) на масата за
сечење. Потоа позиционирајте го паралелниот
граничник во предниот водечки жлеб на сечилото на
пила (1).
Сега паралелниот граничник може да го поместувате
по желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете
на затезната дршка (39) надолу.
Монтирање на дополнителниот паралелен граничник
(види слика e)
За сечење на тесни предмети и за сечење под
вертикален агол на закосување мора да се монтира
дополнителен паралелен граничник (41) на паралелниот
граничник (9).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може
да се монтира на левата или десната страна на
паралелниот граничник (9).
За монтажа користете го сетот за прицврстување
„Дополнителен паралелен граничник" (42) (2 завртки за
прицврстување, 2 подлошки, 2 пеперутка-навртки).
– Вметнете ги завртките за прицврстување низ
страничните отвори на паралелниот граничник (9).
– Главите на завртките служат како водилка на
дополнителниот паралелен граничник.
– Поместете го дополнителниот паралелен граничник
(41) над главите на завртките за прицврстување.
– Поставете ги подлошките на завртките за
прицврстување и затегнете ги завртките со помош на
пеперутка-навртките.
Монтирање на аголен граничник (види слика f1−f2)
– Ставете ја шината (43) на аголниот граничник (3) во
соодветните жлебови на водилката (5) на масата за
сечење.
За подобро налегнување на долгите делови за обработка
аголниот граничник може да се прошири низ профилната
шина (28).
Bosch Power Tools
– По потреба монтирајте ја профилната шина со помош
на сетот за прицврстување (44) на аголниот
граничник.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Всисувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
За да избегнете опасност од пожар при сечење на
u
алуминиум, испразнете го исфрлувачот на
струготини и не користете всисувач на струготини.
Празнење на исфрлувачот на струготини (види
слика g)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го
испразните исфрлувачот на струготини (31).
– Исклучете го електричниот алат и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Олабавете ја завртката за прицврстување (45) со клуч
со внатрешна шестаголна глава (21).
– Извлечете го исфрлувачот на струготини (31) и
отстранете ги искршените парчиња на делот што се
обработува и струготините.
– Повторно монтирајте го исфрлувачот на струготини на
електричниот алат.
Македонски | 349
1 609 92A 5C2 | (26.07.2019)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m30 5023 601 m30 5723 601 m30 5323 601 m30 562Gts 10 j professionalGts 10 professional