Descargar Imprimir esta página

Skil 9780 Manual Original página 151

Publicidad

можете подобро да го контролирате уредот во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Косата, облеката и
ракавиците држете ги подалеку од деловите кои
се движат. Комотната облека, накитот или долгата
коса може да бидат фатени во деловите кои се
движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за
вшмукување и фаќање прашина, проверете дали
се вклучени и дали можат исправно да се
користат. Примената на овие направи ја намалува
опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО
ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата
работа користете го предвидениот електричен
алат за таа употреба. Со соодветниот електричен
алат ќе работите подобро и посигурно во наведената
функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е
неисправен. Електричниот алат кој повеќе не може
да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се
поправи.
c) Извлечете го штекерот од приклучокот пред
извршување на било какви подесувања на
апаратот, замена на приборот или складирање.
Со овие мерки на внимателност ќе се избегне
невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите
од допирот на децата. Не допуштајте работа со
уредот на лица кои не се запознаени со него или
кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив
работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте
контрола околу тоа дали движечките делови на
уредот работат беспрекорно и дали не се
заглавени, дали деловите се скршени или
оштетени до таа мерка што не може да се
обезбеди функционирање на уредот. Пред
примената, овие оштетени делови треба да се
поправат. Причина за многу незгоди е лошо
одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА СИТЕ ОПЕРАЦИИ
a) Овој алат е наменет да за брусење, пескарење,
четкање или сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства, слики и
спецификации што се обезбедуваат со овој алат.
Непочитувањето на сите упатства подолу може да
доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна
повреда..
b) Овој алат не се препорачува за полирање.
Операциите за кои не е наменет овој алат може да
бидат ризични или да предизвикаат лична повреда.
c) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
d) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
f) Вкупната димензија на тркалата, рабовите,
потпорните подлошки или која било друга
дополнителна опрема мора правилно да
легнуваат на осовината на алатот.
Дополнителната опрема со отвори којшто се
соодветствуваат на елементот за поставување кај
алатот нема да работат рамномерно, ќе вибрираат
прекумерно и може да предизвикаат да ја загубите
контролата.
g) Не користете оштетена дополнителна опрема.
Проверете ја дополнителната опрема пред
секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали потпорните подлошки имаат
пукнатини, дали челичните четки имаат
разлабавени или скинати жици. Ако алатот или
дополнителната опрема паднат, проверете дали
се оштетиле или ставете неоштетена
дополнителна опрема.. По проверката и
поставувањето на дополнителната опрема,
поставете се подалеку од опсегот на
ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина да
работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
h) Носете лична опрема за заштита 4. Зависно од
употребата, носете заштита за лице, безбедносни
очила или заштитна маска. Ако е соодветно,
носете маска за прашина, заштита за уши,
ракавици или престилка што имаат капацитет да
ги застануваат ситните абразивни честички или
остатоци од работата. Заштитата за очи мора да
151

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

F0159780