македонски
► Ако копчето за заклучување или рачката-
прекинувач се заглавени или не се враќаат
во почетната позиција: Не користете ја
косилката за трева и обратете се кај
овластен дистрибутер за STIHL.
Копчето за заклучување или ррачката-
прекинувач за косење се дефектни.
Вклучување на косилката за трева
► Приклучете ја косилката за трева во штекер
со кабел за продолжување.
► Притиснете го копчето за заклучување со
десната рака и држете го притиснато.
► Со левата рака повлечете ја рачката-
прекинувач целосно до рачката за држење
и држете ја така што со палецот ја држите и
рачката за држење.
Ножот ротира.
► Ако ножот не се ротира: Исклучете ја
косилката за трева, извлечете го куплунгот
на кабелот за продолжување од мрежниот
приклучок на косилката за трева и обратете
се кај овластен дистрибутер на STIHL.
Косилката за трева е дефектна.
► Отпуштете ги копчето за заклучување и
рачката-прекинувач.
Ножот престанува да ротира по кратко
време.
► Ако ножот продолжи да ротира: Извлечете
го куплунгот на кабелот за продолжување
од мрежниот приклучок на косилката за
трева и обратете се кај овластен
дистрибутер на STIHL.
Косилката за трева е дефектна.
9.2
Проверка на ножот
► Исклучете ја косилката за трева.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Навалете ја косилката за трева на страна и
спуштете ја,
14.1.
► Измерете го следново:
– Дебелина а
532
10 Работење со косилката за трева
– Острење назад b
– Агол на острење c
► Дебелината (a) треба да се провери на
повеќе места на ножот (1) со шублер.
Доколку не се достигне минималната
дебелина: Заменете го ножот,
► Линијарот (2) се поставува на предниот раб
на ножот и се мери острењето назад (b).
Доколку острењето назад се пречекори:
Заменете го ножот,
► Ако аголот на острење (c) не е правилен:
Наострете го ножот,
► Ако нешто не е јасно: Обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
10 Работење со косилката
за трева
10.1
Држење и возење на
косилката за трева
► Држете ја рачката со двете раце така што
палците ја опфаќаат рачката.
10.2
Нагодување на висината на
косење
Може да се постават 5 висини на косење:
– 25 mm = позиција 1
– 35 mm = позиција 2
– 45 mm = позиција 3
– 50 mm = позиција 4
– 60 mm = позиција 5
Позициите се означени на косилката за трева.
Нагодување на висината на косење
► Исклучете ја косилката за трева.
Ножот не смее да ротира.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
18.2.
18.2.
18.2.
0478-121-9805-A