Descargar Imprimir esta página

Bosch HGS 55/25 Manual Original página 350

Publicidad

OBJ_BUCH-2568-002.book Page 350 Tuesday, November 8, 2016 1:33 PM
350 | Македонски
– Монтирајте ја дополнителната дршка, пред да го
приклучите електричниот апарат на електрично
напојување.
– Ставете ја завртката 25 најпрво низ отворот на
затезниот држач 24 и потоа со затезниот држач во
рачката 23.
– Завртете ја завртката во навојот на металната дршка на
затегнувачката лента 22. Навлечете ја затегнувачката
лента 22 преку кабелот на куќиштето на електричниот
апарат и поставете ја рачката во правилна позиција.
– Затегнете ја затегнувачката лента 22 околу куќиштето,
така што ќе ја затегнете завртката 25.
– Проверете дали дополнителната дршка 21 е поставена
цврсто на куќиштето.
Замена на алатот
(Тип 0 602 207 ..., 0 602 208 ..., 0 602 209 ...,
0 602 210 ..., 0 602 211 4.., 0 602 238 ...,
0 602 245 ...)
 Користете само брусни клинови со соодветен
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот апарат (види „Технички податоци"),
може да не се зацврсти добро и да ја оштети
затегнувачката чаура.
 При ставањето на брусниот клин, внимавајте
држачот на брусниот клин да лежи цврсто во
прифатот за алат. Доколку држачот на брусниот клин
не е доволно длабоко вметнат во прифатот за алат,
брусниот клин може да се слизне и да не може повеќе
да се контролира.
 Не користете брусни плочи за сечење и алати за
глодање. Електричниот апарат не располага со
сигурносни справи за овие алати за вметнување.
 Дозволениот број на вртежи на брусниот клин мора
да биде исто толку висок како највисокиот број на
вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот
кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и
да летне од алатот.
 Користете само исправни, неизабени брусни
клинови. Дефектните брусни клинови може на пр. да
се скршат и да доведат до повреди и материјални
штети.
 Откако сте го провериле и ставиле брусниот клин, не
им дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на ротирачкиот брусен клин и оставете го
алатот да врти една минута со максимален број на
вртежи. Повеќето од оштетените брусни клинови ќе се
скршат во текот на овој пробен период.
 Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот апарат.
1 609 92A 36H | (8.11.16)
Вметнување на брусниот клин (види слика C)
Затезната чаура 3, во која се става брусниот клин 1, се
наоѓа директно на вретеното за брусење 4.
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
– Олабавете ја затезната чаура 3 со вилушкаст клуч 13 со
вртење во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
 Користете само соодветни и неоштетени
вилушкасти клучеви.
– Ставете го брусниот клин исчистен од прав 1 во
прифатот за алат 2 на затезната чаура 3.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура 3.
– Држете го цврсто вретеното за брусење 4 со вилушкаст
клуч 14 на површината на клучот и прицврстете го
брусниот клин 1 со вилушкаст клуч 13 на затезната
чаура 3 со вртење во правец на стрелките на
часовникот.
Тип 0 602 245 ... (види слика B): Брусното тело мора
да поседува соодветен навој. Навртете го брусното
тело на вретеното за брусење 4. Вретеното за брусење
цврсто задржете го со испорачаниот вилушкаст клуч.
– Тестирајте ја работата на новомонтираните брусни
клинови без оптоварување.
Вадење на брусниот клин
Брусните клинови може да
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
се вжештат при подолга
употреба на електричниот апарат. Користете заштитни
ракавици, за да го извадите брусниот клин.
– Олабавете ја затезната чаура како што е претходно
опишано и извадете го брусниот клин.
Промена на затезната чаура (види слика D)
(Тип 0 602 211 5.., 0 602 208 ..., 0 602 209 ...,
0 602 210 ..., 0 602 211 4.., 0 602 238 ...)
– Вретеното за брусење 4 цврсто задржете го со
вилушкаст клуч 14 на површината на клучот.
– Олабавете ја затезната чаура 3 со вилушкаст клуч 13 со
вртење во правец спротивен на стрелките од
часовникот.
 Користете само соодветни и неоштетени
вилушкасти клучеви.
– Вртете го вилушкастиот клуч 13 во правец спротивен
на стрелките на часовникот, додека не се извади
затезната чаура 3 од вретеното за брусење 4.
– За монтажа на затезната чаура држете го вретеното за
брусење 4 со вилушкаст клуч 14 на површината на
клучот, и ставете ја затезната чаура 3 во вретеното за
брусење и зацврстете ја со вилушкастиот клуч 13 во
правец на стрелките на часовникот.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading