Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M12 BCST Manual Original página 59

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Производен број
Волтажа на батеријата
Стапка циклус
Спојници
Спојници за кабли
Ширина
Должина
Капацитет на магацинот (број на спојници)
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 (2,0 Ah ... 6,0 Ah)
Препорачана температура на околината при работа
Препорачани типови на акумулаторски батерии
Препорачани полначи
Информации за бучавата: Измерените вредности се одредени
согласно стандардот EN 60745.
A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:
Ниво на звучен притисок. / Несигурност K
Ниво на јачина на звук. / Несигурност K
Носте штитник за уши.
Информации за вибрации: Вкупни вибрациски вредности
(векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.
Вибрациска емисиона вредност a
/ Несигурност K
h
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод
на тестирање даден во EN 60745 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се
користат при првична проценка на изложеност.
Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за
поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може
значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.
Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исклучен алатот или кога е
вклучен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.:
одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните напомени
и упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните
упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗЖИЧНА
ХЕФТАЛКА ЗА КАБЛИ
Секогаш имајте во предвид дека алактката содржи иглици.
Невнимателното ракување со алатката може да доведе до
неочекувано испукување на иглици и до повреди.
Не насочувајте го алатот кон себе или кон некој во близина.
Неочекуваното активирање може да ослободи шајки и да
предизвика повреда.
Немојте да ја активирате алатката, освен ако алатот не е
поставен цврсто на работното површина. Ако алатката не е
во контакт со работната површина, шајката може да се оттргне
подалеку од вашата цел.
Исклучете ја алатката од извор на енергија кога иглицата ќе
се заглави во алатката. Кога ќе ја отстранувате заглавената
иглица, хефталката може неочекувано да се активира доколку
е вклучена.
Бидете внимателни при отстранувањето на заглавената
шајка. Механизмот може да биде под притисок и шајката
може да биде присилно отстранета додека се обидувате да ја
ослободите заглавената шајка.
Кога ги прицврстувате електричните кабли, осигурите
се дека каблите не се под напон. Држете ја хефталката
116
M12 BCST
Безжична хефталка за кабли
491315 01 XXXXXX MJJJJ
12 V
2,95/s
1 "
19 mm (3/4")
25,4 mm (1")
45
2,27 kg ... 2,52 kg
-18...+50 °C
M12B...
M12-18 C; M12-18 FC; M12-18 AC; M12 C4; C12 C
84,00 dB(A) / 3 dB(A)
95,00 dB(A) / 3 dB(A)
4,18 m/s
/ 1,5 m/s
2
само за изолираните површини за држење. Користете
само спојници наменети специјално за прицврстување
електрични кабли. Осигурите се дека спојниците не ја
оштетила изолацијата на електричните кабли. Електричен
кабел оштетен од спојниците претставува ризик од електричен
удар и може да доведе до пожар.
Носете штитник за уши. Изложеноста на бука може да
предизвика губење на слухот.
Држете ја хефталката за изолираните површини на рачките,
пред се доколку вршите работи при кои иглицата може да
наиде на скриени електрични кабли. Иглиците кои наидуваат
на струјни кабли, ја пренесуваат струјата врз металните делови
на алатката, што може да доведе до струен удар кај ракувачот
со алатката.
Секогаш носете заштитни очила со странична заштита.
Очилата за секој ден се само отпорни на удари. Тие немаат
функција на заштитни очила. Почитувањето на овие правила ќе
го намали ризикот од сериозни повреди.
Заштитните очила штитат ОДНАПРЕД и СТРАНИЧНО од
честичките што летаат наоколу. При полнење, ракување и
сервисирање на алатката СЕКОГАШ да се носат заштитни
очила. Заштитните очила се користат како заштита од
нечистотија и од шајки, кои што може да предизвикаат тешки
повреди на очите.
Секогаш отстранувајте ја батеријата пред да ја прилагодите
длабочината на погонското тркало.
Не го повлекувајте тркалото за подесување, тркалото е
наменето да ротира.
Не го притискајте прекинувачот додека ја подесувате
длабочината на погонското тркало.
Немојте да ја насочувате алатката кон себе или кон некој близу
МАКЕДОНСКИ
вас кога ја подесувате длабочината на дискот.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Секогаш да бидат свесни дека со злоупотреба и неправилно
ракување со оваа алатка може да се повредите себи си или
некој друг.
Алатката е наменета за употреба со една рака. Немојте да ја
држите алатката со предниот дел од магацинот. Не ставајте ги
рацете, главата или некои други делови од телото во близина на
дното од магацинот кога иглицата излегува од алатката, бидејќи
може да предизвикате сериозни повреди.
Секогаш осигурајте се дека контактот на парчето што се
работи е целосно позициониран над парчето што се работи.
Позиционирањето на контактот на парчето што се работи само
парцијално над него може да предизвика иглицата целосно да
го промаши парчето кое се работи и да доведе до сериозна
повреда.
Немојте да забивате иглици близу до работ на материјалот.
Парчето што се работи може да се распука и иглицата може да
се врати и да ве повреди вас или вашиот колега. Ве молиме да
земете во предвид дека иглицата може да ја следи текстурата
на дрвото, со што неочекувано може да штрчи странично
од работниот материјал или да се отклони, а можно е и да
предизвика повреди.
Држете ги рацете и другите делови од телото понастрана од
непосредната работна површина. Држете го парчето што се
2
работи со стегачи кога е потребно, со што ќе се заштитат рацете
и другите делови од телото од несакани последици. Осигурајте
се дека парчето што се работи е прописно прицврстено пред
да ја притиснете иглицата во материјалот. Контактот на парчето
што се работи може да предизвика неочекувано поместување
на работниот материјал. Држете го лицето и другите делови
од телото подалеку од задниот дел од алатката кога работите
на ограничени површини. Неочекуван повратен удар може
да предизвика влијание врз телото, особено кога се забиваат
иглици во тврд или компактен материјал.
При нормална употреба на алатката, алатката ќе се врати во
првичната положба веднаш штом ќе биде забиена иглицата.
Тоа е нормална функција на алатката. Немојте да се обидете
да го спречите повратниот удар држејќи ja алатката на
материјалот. Обидот да се спречи повратен удар може да
резултира со испукување на втора иглица. Цврсто држете ја
рачката, дозволете и на алатката да ја врши својата работа
и не ја ставајте другата рака на врвот од алатката или
близу до одводот за издувни гасови. Непочитувањето на ова
предупредување може да предизвика сериозни повреди.
Немојте да забивате шајки над други шајки или под стрмен агол,
бидејќи тоа може да предизвика скршнување на шајката што пак
може да доведе до повреда.
Секогаш да се проверува работната површина за постоење на
скриени електрични кабли, гасоводни цевки, водоводни цевки,
итн., пред да се користи алатката на ваква работна површина.
Само шајки што одговараат на описот даден во технички
податоци може да се користи со оваа алатка. Користењето на
несоодветни шајки може да доведе до нивно заглавување или
до други дефекти.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем 12 V за полнење на батерии од 12
V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Оваа хефталка е наменета да се користи за прицврстување на
електрични кабли.
Хефталката е наменета за вметнување на спојниците во дрво
или слични меки материјали. За тоа, лента со спојници се
вметнува во магацинот. Лентите со спојници кои можат безбедно
да се вметнат во магацинот се наведени во табелата со
информации за производот во ова упатство. Користете ги само
спојниците или муницијата наведени за оваа хефталка.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на бургијата, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се
исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
МАКЕДОНСКИ
117

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M12 bcst-0