Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M12 BCST Manual Original página 60

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 17
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
РАБОТА СО УРЕДОТ
Индикатор за полнење
Кога магацинот е скоро празен, под нормален притисок не се
активира работен контакт и не се забива шајка. Наполнете го
магацинот за да може да продолжите со работа.
МОНТИРАЊЕ НА СПИРАЛАТА
Дебелина на
Единечен кабел
Двоен кабел
кабел
14-2
14-3
12-2
12-3
10-2
10-3
Исто така погодна за нисконапонски кабли, како што се CAT3,
CAT5 и Coax.
118
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАГЛАВЕНА ИГЛА
Повеќето од заглавувањата се предизвикани од игла или дел
од игла што се заглавени помеѓу водечкиот лист и водичот на
иглата. Лентите со игли со погрешен агол на наклонот или со
погрешна големина можат да предизвикаат трајно заглавување.
Отстранување на заглавувањето:
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Кога прикачувате или отстранувате
спојници, никогаш не насочувајте ја хефталката кон себе или
кон кој било друг. Во спротивно, може да дојде до повреда.
2. Отстранете ја лентата со игли од магазинот.
3. Повлечете го блокаторот на магацинот надолу и извлечете го
магазинот од алатката.
4. Отстранете ги спојниците и другите остатоци (по потреба
користете шпиц-клешта).
5. Пред да започнете повторно со работа, следете ги чекорите
во делот "Потребна дневна проверка".
НЕОПХОДНА Е СЕКОЈДНЕВНА ПРОВЕРКА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се намали ризикот од
повреда за вас или за други лица, секојдневно, пред да
почнете со работа, вршете ја следната проверка, пред сè
ако алатката паднала на земја, доживеала силен удар или
била згазната. Извршете ги следните проверки по дадениот
РЕДОСЛЕД. Ако алатката не функционира нормално,
веднаш контактирајте ја сервисната служба за клиенти на
MILWAUKEE.
Секогаш насочувајте ја алатката понастрана од себе или од
други лица.
1. Извадете ја батеријата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Кога прикачувате или отстранувате
спојници, никогаш не насочувајте ја хефталката кон себе или
кон кој било друг. Во спротивно, може да дојде до повреда.
2. Проверете си сите штрафови, болцни, навртки и штифни на
алатката. Лабавите елементи за прицврстување треба да се
прицврстат.
3. Фатете го блокаторот на хефталката и извлечете го
магацинот од хефталката (за да го деактивирате индикаторот
за полнење). Притиснете го работниот контакт на работното
парче. Контактот мора да биде лесен за ракување.
4. Кога работниот контакт се наоѓа на парчето што го работите,
притиснете го прекинувачот. Активирањето мора да следи
непречено.
5. Ставете ја батеријата.
6. Проверете дали магацинот сè уште е извлечен. Држете го
работниот контакт подалеку од работното парче, притиснете
го чкрапалото и држете го 5 секунди. Хефталката не смее да
се активира. Пуштете го чкрапалото.
7. По успешното вршење на сите овие проверки, алаткате може
да биде пуштена во погон. Изберете го саканиот режим на
работа и вметнете ја лентата со шајки.
8. По завршувањето на сите проверки уредот е спремен да
биде пуштен во погон. Проверките вршете ги на дневна
основа пред употребата на алатката, односно секогаш кога
алатката ќе ви падне, ќе доживее тежок удар, кога ќе биде
згазната, кога ќе се заглават шајки итн.
МАКЕДОНСКИ
ОДРЖУВАЊЕ
Отворите за вентилација на машината мора да бидат чисти во
секое време.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот
број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка
служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носте штитник за уши.
Носете ракавици!
Држете ги рацете подалеку!
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
119

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M12 bcst-0