Descargar Imprimir esta página

Bosch GBH 18V-28 DC Manual Original página 216

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
216 | Македонски
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (8) има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(16). Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот
алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
– За да ја извадите батеријата (8) притиснете на
копчињата за отворање (16) и извлечете ја батеријата
од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
1 609 92A 80W | (05.07.2022)
LED светилки
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (15).
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (15) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (15)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (15) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(15) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без SDS-
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн.
запчеста глава за дупчење.
Вметнување/вадење на запчестата глава
Монтирање запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (20) во
запчестата глава за дупчење (19). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (19) со безбедносната
завртка (18). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење (види
слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
Капацитет
прифат и малку намастете го.
60−100 %
Капацитет
30−60 %
5−30 %
0−5 %
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
Bosch Power Tools

Publicidad

loading