OBJ_BUCH-716-005.book Page 275 Wednesday, December 3, 2014 11:12 AM
Отскокнувањето е резултат на несоодветна употреба или
одржување на уредот. Тоа може да се избегне со
преземање на соодветни мерки, како што следи:
Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и
другите прсти околу рачките. Заземете став со
телото и рацете така да можете да спречите
отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да
ги контролира отскокнувањата, доколку преземе
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не
испуштајте ја пилата.
Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со
ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што
овозможува подобра контрола врз пилата во
непредвидени ситуации.
Употребувајте само резервни делови и ланци
одредени од произведувачот. Несоодветна замена
може да предизвика кинење на ланецот и
отскокнување.
Придржувајте се до упатствата за острење и
одржување на пилата дадени од произведувачот.
Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста
од отскокнување.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги ознаките
и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Пред секоја поправка или чистење, ако е кабелот оштетен или скинат, веднаш исклучете го
од напојување.
Не го користете електричниот апарат на дожд и не го изложувајте на дожд.
Носете заштитни очила.
Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.
Bosch Power Tools
Децата и младите, со исклучок на постарите од 16
години под надзор, не треба да ја употребуваат
пилата. Истото важи и за лицата кои не знаат или
недоволно знаат да ракуваат со пилата. Упатството за
употреба секогаш треба да биде при рака. Уморните
или физички неспремните лица не треба да ракуваат со
пилата.
Пред да ја користите машината проверете да се
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или на
која се вршени недозволени преправки.
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Препорачано е пред првата употреба, ракувачот да добие
практични упатства за употреба на пилата и заштитната
опрема од страна на искусен ракувач. Првото ракување
треба да биде сечење цепаници на постолје „магаре" или
на соодветен држач.
Македонски | 275
1 609 92A 11D | (3.12.14)