Descargar Imprimir esta página

Bosch GOF 1250 CE Manual Original página 163

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2018-003.book Page 162 Tuesday, January 21, 2014 1:55 PM
162 | Македонски
 Глодалките или другата опрема мора точно да
одговараат на прифатот за алат (затезната чаура) на
вашиот електричен апарат. Алатите за вметнување
што не може точно да се прицврстат во прифатот за алат
на електричниот апарат, се вртат нерамномерно,
вибрираат многу јако и може да доведат до губење на
контролата.
 Доколку е вклучен, не го водете електричниот
апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.
 Не посегајте со дланките во полето на глодање и во
глодалката. Со другата рака држете ја
дополнителната дршка или куќиштето на моторот.
Доколку со двете дланки ја држите глодалката, нема да
може да се повредите.
 Не глодајте никогаш над метални предмети, клинци
и шрафови. Глодалката може да се оштети и да доведе
до зголемени вибрации.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Не користете тапи или оштетени глодалки. Тапите
или оштетените глодалки предизвикуваат зголемено
триење, може да се заглават и да доведат до
нерамнотежа.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за глодање на жлебови,
рабови, профили и долгнавести отвори на цврста подлога
во дрво, пластика и лесни градежни материјали како и за
копирно глодање.
1 609 92A 0LW | (21.1.14)
При намален број на вртежи и со соодветните глодалки
може да обработувате и NE-метали.
Светлото на овој електричен апарат (GOF 1250 LCE) е
наменето да го осветли директно полето на работа на
електричниот апарат и не е погодно за просторно
осветлување во домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Десна рачка (изолирана површина на дршката)
2 Копче за фиксирање на прекинувачот за
вклучување/исклучување
3 Светлечки прстен (GOF 1250 LCE)
4 Претурна навртка со затезна клешта
5 Глодалка*
6 Лост за блокада на вретеното
7 Шраф за водечките прачки на паралелниот
граничник (2x)
8 Заштита од струготини
9 Градиран граничник
10 Шрафови за подесување на градираниот граничник
11 Лизгачка плоча
12 Прифат за водечките прачки на паралелниот
граничник
13 Основна плоча
14 Граничник за длабочина
15 Шраф за фиксирање на граничникот за длабочина
16 Копче за нулта-точката на граничникот за длабочина
(GOF 1250 LCE)
17 Прекинувач за вклучување/исклучување на
дигиталниот приказ за длабочина (GOF 1250 LCE)
18 Фино подесување на длабочината на глодање
19 Лева рачка (изолирана површина на дршките)
20 Екран(GOF 1250 LCE)
21 Поклопец за преградата за батерии(GOF 1250 LCE)
22 Лост за деблокирање
23 Фино подесена скала за длабочината на глодање
24 Вртливо копче за фино подесување на длабочината
на глодање
25 Скала за подесување на длабочината на глодање
(GOF 1250 CE)
26 Лизгач со индекс ознаки(GOF 1250 CE)
27 Копче за контрола на бројот на вртежи
28 Прекинувач за вклучување/исклучување
29 Приклучок за цревото за вшмукување
30 Вилушкаст клуч Ширина на клучот 19 мм
31 Црево за вшмукување (Ø 35 мм)*
32 Паралелен граничник
33 Водечка прачка за паралелниот граничник (2x)
34 Пеперутка-завртка за фино подесување на
паралелниот граничник (2x)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading