Descargar Imprimir esta página

Bosch GOF 1250 CE Manual Original página 168

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
OBJ_BUCH-2018-003.book Page 167 Tuesday, January 21, 2014 1:55 PM
Според дебелината на шаблонот одн. нацртот одберете ја
соодветната копирна чаура. Бидејќи висината на
копирната чаура стрчи, шаблонот мора да има минимална
дебелина од 8 мм.
Активирајте го лостот за деблокирање 41 и ставете ја
копирната чаура 42 од долу во адаптерот за копирна чаура
39. Кодираните запци мора цврсто да се вметнат во
отворите на копирната чаура.
 Изберете помал дијаметар на глодалката од
внатрешниот дијаметар на копирната чаура.
За да е подеднакво исто растојанието на средината на
глодалката и ивицата на копирната чаура, доколку е
потребно, копирната чаура и лизгачката плоча може да се
центрираат една кон друга.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 наназад и
водете ја површинската глодалка до крај во правец на
базната плоча 13. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 22 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Олабавете ги цилиндричните шрафови 43, така што
лизгачката плоча 11 ќе може слободно да се движи.
– Поставете го трнот за центрирање 44 во прифатот за
алат како што е прикажано на сликата. Рачно
зацврстете ја претурната навртка, така што трнот за
центрирање сè уште може слободно да се движи.
– Подесете ја копирната чаура 42 со лесно поместување
на лизгачката плоча 11 на трнот за центрирање.
– Цврсто затегнете ги цилиндричните шрафови 43.
– Извадете го трнот за центрирање 44 од прифатот за
алат.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
За глодање со копирната чаура 42 постапете на следниот
начин:
– Водете го вклучениот електричен апарат со копирната
чаура на шаблонот.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 наназад и
полека водете ја површинската глодалка надолу,
додека не се постигне подесената длабочина на
глодање. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 22 за да ја фиксирате оваа длабочина на
вдлабнување.
– Водете го електричниот апарат со копирната чаура што
стрчи, со страничен притисок по должината на
шаблонот.
Менување на батерија (GOF 1250 LCE) (види слика M)
Отворете го поклопецот на преградата за батерии 21
нагоре и извадете ја батеријата. Ставете нова батерија
(тип LR44/SR44). Позитивниот пол на батеријата мора да
покажува нанапред кон поклопецот на преградата за
батерии 21. Затворете го поклопецот на преградата за
батерии 21.
Bosch Power Tools
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја-(FI-). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне
доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
за ѓубре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива
2012/19/EU за електрични и
електронски уреди и нивна национална
употреба, електричните апарати што се
вон употреба мора одделно да се
собираат и да се рециклираат на
еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Македонски | 167
1 609 92A 0LW | (21.1.14)

Publicidad

loading