Descargar Imprimir esta página

Electrolux EFC 80800 Montaje Y Modo De Empleo página 53

Ocultar thumbs Ver también para EFC 80800:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 18
-Функција за вклучување/исклучување на светлото.
Со притискање на копчето број 5 се вклучува или исклучува светлото.
-Посебни функции.
Електронските команди поставени на вашиот аспиратор се опремени со
напредни функции за помош во одржувањето и за правилно користење
на производот.
-Прикажување на потребата за чистење на металните филтри.
По секои 40 часа на користење, микропроцесорот, срцето на системот
ќе сигнализира со засветување на дисплејот на буквата "A" дека е
потребно да се исчистат металните филтри за масти за да се гарантира
подобро всмукување и подобра хигиена на околината. За да се
избрише пораката за предупредување штом ќе се исчистат фитрите,
треба при целосно исклучен аспиратор да се држи притиснато копчето
Бр. 2 повеќе од 5 секунди. Кога ќе се притисне копчето, на дисплејот ќе
се прикаже буквата "A", по истекот од 5 секунди истата ќе се изгуби и
микропроцесорот ќе започне одново да смета 40 часа за нова порака за
предупредување.
-Прикажување на потребата за замена на филтрите од јаглен (ако
се монтирани).
Ако аспираторот што го имате купено се користи во филтрирачка
верзија односно користи филтри на јаглен за прочистување на
всмуканата пареа, најпрво треба да се извести микропроцесорот од
електронскиот системот дека работи со уред во филтрирачка верзија.
За да го направите тоа, при целосно исклучен аспиратор држете го
притиснато повеќе од 5 секунди копчето Бр. 4. Кога ќе се притисне
копчето, на дисплејот се појавува "_" (покажува дека аспираторот не
користи филтер на јаглен) кое што по 5 секунди се претвора во буквата
"C" (покажува дека аспираторот користи филтер на јаглен). Од тој
момент, микропроцесорот по секои 80 часа работа ќе сигнализира дека
треба да се замени филтерот на јаглен со светкање на дисплејот на
буквата "C". Со ова се гарантира подобро всмукување и подобра
хигиена на околината. За да се избрише пораката за предупредување
штом ќе се заменат фитрите на јаглен, треба при целосно исклучен
аспиратор да се држи притиснато копчето бр. 3 повеќе од 5 секунди.
Кога ќе се притисне копчето, на екранот ќе се појави буквата "C", по 5
секунди истата ќе се изгуби и ќе започне одново да се смета за нова
порака за предупредување.
Одржување
Предупредување! Пред билокаква операција за чистење или
одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со
вадење на струјниот приклучник или со исклучување на
домашниот мрежен прекинувач.
Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата фреквенција
со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од
внатрешноста така и од надворешноста. За чистењето користете крпа
навлажнета со течни неутрални детергенти.
Да не користите производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ
АЛКОХОЛ!
Предупредување! Ако не се следат упатствата во однос на чистењето
на аспираторот и замената на филтрите ќе доведе до ризик од пожари.
Се препорачува до придржување на предложените упатства.
Ние одбиваме билокаква одговорност за евентуални оштетувања на
моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно
одржување или неследење на наведените упатствата.
Филтер за масти
Бр. 8-24
Металниот филтер за масти треба да се чисти еднаш месечно со
неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на
ниски температури и во краток интервал.
Со перењето во машина за миење на садови металниот филтер за
масти може да ја изгуби малку бојата но неговите карактеристики за
филтрирање воопшто не се менуваат.
All manuals and user guides at all-guides.com
54
Филтер со активен јаглен (Само за Варијанта со филтрирање)
Сл. 23
Заситувањето на филтерот на јаглен настапува по повеќе или помалку
продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста
на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се
замени патронот најмногу на секои четири месеци (или кога системот за
прикажување на заситеноста на филтрите - ако оди заедно со моделот
што го имате- ја покажува оваа потреба).
НЕ може да се пере или обновува.
Замена на сијалиците
Сл. 26
Исклучете го уредот од струјното напојување.
Предупредување! Пред да ги допрете сијаличките проверете дали се
изладени.
Користете само халогенски сијалици од 12V -20W max - G4, имајќи во
предвид да не ги допирате со рацете.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Efc 50800