Descargar Imprimir esta página

Ariston LYDOS WiFi 50 Instrucciones Para La Instalación, El Uso, La Manutención página 202

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
ФУНКЦИЈА ECO
Функцијата ECO се вклучува со притискање на копчето „SET" додека не се вклучи ЛЕД-светилката ECO.
Функцијата ECO произведува топла вода според навиките на корисникот. Во текот на првата седмица,
производот ги зачувува повлекувањата и времињата во кои се одвивале. Потоа, почнувајќи од наредната
седмица, греењето на водата се врши според тоа што бојлерот го научил претходно.
Ако корисникот сака да ја врати функцијата и да почне со нов период на учење, мора да го притисне
копчето „SET" и да го држи 10 секунди (ЛЕД-светилката ECO ќе трепка).
Ако функцијата ECO е вклучена и ако е притиснато копчето „SET", тогаш функцијата ќе биде оневозможена
и ќе се прикаже соодветната избрана температура (40 °C -> 80 °C).
Функција ЦИКЛУС ЗА ТЕРМИЧКА ДЕЗИНФЕКЦИЈА (анти-легионела)
Функцијата анти-легионела е стандардно активирана. Се состои од циклус на загревање/одржување на
водата на 65 °C во период од 1 час за да се изврши термичка дезинфекција против релевантните бактерии.
Циклусот започнува при првото вклучување на производот и по секое повторно вклучување што следи по
прекин во напојувањето со електрична енергија. Ако производот секогаш функционира на температура
под 60 °C, циклусот се повторува по 30 дена. Кога производот е исклучен, функцијата анти-легионела
не е активна. Ако уредот се исклучи за време на циклусот анти-легионела, производот се исклучува и
функцијата не се комплетира. На крајот на секој циклус, работната температура се враќа на вредноста
претходно поставена од корисникот.
Активирањето на циклусот анти-легионела се означува така што ќе се вклучи LED SET. За да ја деактивирате
или активирате функцијата анти-легионела, притиснете и задржете го копчето ON/OFF „ " и копчето
„SET" во рок од 3 секунди, а за да се потврди деактивацијата, тогаш ЛЕД-светлото за 40 °C трепка брзо 3
секунди. За повторно да ја активирате функцијата анти-легионела, повторете го претходниот чекор; за да
се потврди дека се врши повторна активација, ЛЕД-светлото за 60 °C трепка брзо 3 секунди.
Предупредување: кога овој софтвер го спроведува третманот со термичка дезинфекција, температурата
на водата може да предизвика изгореници. Проверете ја водата пред капење или туширање.
WI-FI ФУНКЦИЈА
За дополнителни информации околу Wi-Fi конфигурацијата и постапката за регистрација на производот,
погледнете го приложеното упатство за брза активација коешто се однесува на поврзувањето или
посетете ја веб-локацијата:
https://discover.ariston-net.remotethermo.com
ОПИС НА СТАТУСОТ НА ПОВРЗУВАЊЕТО
Бавно трепкање
Wi-Fi
Брзо трепкање
Копче
Двојно трепкање
Вклучена
Исклучено
РЕСЕТИРАЊЕ Wi-Fi: за да извршите ресетирање, истовремено притиснете ги копчињата „
рок од 10 секунди.
ФУНКЦИЈА ЗА СЕДМИЧНА ПРОГРАМА
Функцијата за седмична програма може да се активира само преку апликацијата.
Може да се изберат две различни температури во две различни времиња за секој ден од седмицата:
производот ќе ја пресмета брзината на загревање и, во зависност од температурата, најдобриот момент за
да започне со греење за да ја достигне температурата во посакуваното време.
За да ја деактивирате функцијата, притиснете го копчето „SET".
202 / MKD
Wi-Fi модулот е вклучен
Wi-Fi модулот е во режим на пристапна точка
Wi-Fi модулот се поврзува на домашната мрежа
Wi-Fi модулот е вклучен и поврзан на домашната мрежа
Wi-Fi модулот е исклучен
" и „SET" во

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Lydos wifi 80Lydos wifi 100