Descargar Imprimir esta página

Bosch GWX 18V-7 Professional Manual Original página 281

Ocultar thumbs Ver también para GWX 18V-7 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
u
„Напомени за статика ".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Доколку електричниот алат се полни електростатички,
инсталираната електроника го исклучува електричниот
алат. Одново притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (4), за да може повторно да го користите
електричниот алат.
Bosch Power Tools
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат, лизнете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (4)
нанапред.
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (4) нанапред надолу додека не
се вклопи.
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4) наназад
надолу и потоа ослободете го.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Совети при работењето
Грубо брусење
При грубото брусење со композитни брусни
u
средства секогаш користете ја заштитната хауба за
брусење (9).
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
u
за грубо брусење.
При грубото брусење заштитната хауба за
u
сечење (10) или заштитната хауба за брусење (9)
со монтиран поклопец за сечење (13) може да удри
во делот што се обработува и да доведе до губење
на контролата.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
При употребата на композитни плочи, кои се одобрени
u
и за сечење и за брусење, може да се користи
заштитната хауба за сечење (10) одн. заштитната
хауба за брусење (9) со монтиран поклопец за
сечење(13).
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусењето (9).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Македонски | 281
1 609 92A 76P | (22.05.2023)

Publicidad

loading