• Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат,
имајќи ја предвид нејзината тежина и распределба
на истата.
• Ангажирајте соодветен број на луѓе според тежината
за машината.
• Проверете дали кога работи машината, нема знаци на
оштетувања или дефекти.
• Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со
јажиња или синџири за да избегнете превртување и
можно оштетување.
7.2. ОДЛАГАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
• Оставете го моторот да се излади.
• Отстранете го безбедносниот клуч и батеријата (за
модели со батерија) и наполнете ја.
• Исчистете ја темелно машината.
• Проверете ја целосноста на машината.
Одложете ја машината (Сл. 17):
• Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови.
• На место надвор од дофатот на децата.
• Проверете дали сте ги тргнале клучевите и опремата
што ја користевте при одржувањето.
Одложете ја батеријата:
• Под сенка, на студено место и во средина без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг период,
полнете ја батеријата секои два месеца за да ѝ се продолжи
рокот на употреба.
ЗАБЕЛЕШКА Чувајте ја машината на таков начин што не
претставува опасност во случај на контакт, дури и случаен,
со луѓе, деца или животни
МК - 6