При упатување или примање повик, држете
го телефонот до вашето уво со долниот дел
кон вашата уста.
Воздушни перничиња
Не поставувајте го телефонот на место над
воздушно перниче или на место каде што
воздушното перниче се отвора, бидејќи
воздушното перниче се надувува со голема
сила и може да настане сериозна повреда.
Ставете го телефонот на безбедно и
сигурно место пред да го возите возилото.
Напади/несвестици
Телефонот може да создаде силна или
трепкава светлина. Мал процент на луѓе
може да бидат подложни на губење свест
или напади (дури и ако никогаш порано
тоа не им се случило) кога се изложени на
трепкава светлина или светлосни шеми,
како при играње игри или гледање видеа.
Ако сте доживеале напади или губење
свест или имате семејна историја на вакви
појави, консултирајте се со лекар. За да
го намалите ризикот од губење свест или
напади,
користете го телефонот во добро
осветлена просторија и правете чести
паузи.
Повреди од повторливо напрегање
За да го намалите ризикот од повреди од
повторливо напрегање при пишување или
играње игри со телефонот:
Не стискајте го телефонот премногу
цврсто.
Лесно притискајте ги копчињата.
Користете ги специјалните функции кои се
дизајнирани да го минимизираат бројот на
200