Поврзување со возила
Побарајте професионален совет за
поврзување на интерфејсот на телефонот
со електричниот систем на автомобилот.
Неисправни и оштетени производи
Не обидувајте се да го расклопите
телефонот или неговите додатоци. Само
овластени лица можат да го сервисираат
или поправаат телефонот или неговите
додатоци. Доколку вашиот телефон (или
неговите додатоци) се потопат во вода, се
продупчат или паднат од високо, не
користете ги сѐ додека не сте ги провериле
во овластен сервисен центар.
Пречки во радиофреквенцијата
Општа изјава за пречки
Бидете внимателни при користењето на
вашиот телефон во близина на лични
медицински уреди, како што се пејсмејкери и
помагала за слушање. Консултирајте се со
вашиот лекар или производителите на
уредот за да дознаете дали работата на
телефонот влијае врз работата на
медицинскиот уред кој го користите.
Пејсмејкери
Производителите на пејсмејкери
препорачуваат да се одржува растојание
помеѓу телефонот и пејсмејкерот од
најмалку 6 инчи (15 cm) за да се избегнат
можните пречки во работата на
пејсмејкерот. За да го постигнете ова,
држете го телефонот на увото спротивно
од страната на која се наоѓа пејсмејкерот и
202