на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
При сервис и чистење на всисувачот користете
u
маска за заштита од прав.
Не чистете го всисувачот со компримиран воздух.
u
Филтерот или другите компоненти може да се оштетат.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора
да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е
изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој
го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат
евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се
демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна
опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде
сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши
техничка проверка од страна на производителот или
овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на
филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата
на уредот за контрола.
Кај всисувачи од класа M, што се користеле во нечиста
околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите
машински делови. Всисајте, избришете ја или запечатете
ја надворешната страна на всисувачот пред да ја
отстраните од опасната зона. Пред да извршите какви
било поправки, сите извалкани делови што не може
доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите
делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во
согласност со важечките одредби за отстранување на
ваков отпад.
Чистење на садот
Избришете го садот (12) одвреме-навреме со
вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете
го да се исуши.
Чистење/замена на филтерот
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на
филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите (13) и извадете го горниот
дел на всисувачот (15).
– Фатете го главниот филтер (32) за крајниот дел (не за
перките). Свртете го докрај во насока на ротацијата
и извадете го (види слика M).
– Сушење на филтерот:
Потчукнете го главниот филтер (32) над соодветен сад
за отпад. Внимавајте на тоа да не се оштетат ламелите
на филтерот.
За да добиете максимална сила на всисување,
исчеткајте ги ламелите на главниот филтер со мека
четка.
или
Bosch Power Tools
Филтерот е влажен:
Исплакнете го главниот филтер (32) под млаз вода и
потоа оставете го добро да се исуши.
или
Заменете го оштетениот главен филтер (32).
– Ставете го главниот филтер (32) врз корпата за
пловка (34) и свртете го во држачот за филтер
докрај
во насоката на ротација (35) (види слика B).
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (15)
и затворете ги затворачите (13).
Проверете дали затворачите се добро заглавени.
Замена на лизгачките валјаци (види слика N)
Користете само лизгачки валјаци според EN 12529
(дијаметар на иглата за прицврстување 11 mm).
Проверете ја функционалноста на сопирачката на
u
тркалцето пред да започнете со користење на
всисувачот.
Користете ги сопирачките кога не сакате да го
придвижите всисувачот.
Поправка на цревото за всисување
Може да го скратите неисправното црево за
всисување (20) и да продолжите да го користите.
Носете заштитни ракавици при поправка на
u
цревото за всисување. Постои опасност од повреда.
Поправка на цревото за всисување на страната за
всисување (види слики O−P):
– Олабавете го механизмот за заклучување (49) од
спојниците на цревото (47), со притискање на
затворачите навнатре со одвртувач.
– Повлечете го механизмот за заклучување (49) зад
неисправното место ➊.
– Одвртете ја заптивната чаура (48) ➋.
– Исечете го цревото за всисување (20) зад
неисправното место (види слика P).
– Вратете ја заптивната чаура (48) ➌.
– Турнете го крајот на цревото за всисување во
спојниците на цревото (47) ➍.
– Турнете го механизмот за заклучување (49) на
спојниците на цревото (47), додека не кликне ➎.
Поправка на цревото за всисување на страната на
електричниот алат/млазницата (види слика Q):
– Одвртете ја заптивната чаура (50) ➊.
– Исечете го цревото за всисување (20) зад
неисправното место ➋.
– Вратете ја заптивната чаура (50) ➌.
Поправка на прицврстувачот на држачот за ќеса
(види слика R)
Ако се оштетени прицврстувачите (43) на држачот за
ќеса (33), држачот за ќеса може трајно да се наврти и на
горниот дел од всисувачот со помош на комерцијално
достапните завртки Phillips P4 од 11 mm. Ако држачот за
ќеса (33) е во контакт со пружината (51), се одржува
спроводливоста за електростатичкото празнење.
Македонски | 267
1 609 92A 5N0 | (26.09.2023)