Descargar Imprimir esta página

Skil 2714 Manual Original página 172

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 56
Немодифицираните приклучоци и
соодветните штекери ќе ја намалат
опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со
заземјени површини, како што
се цевки, радијатори, шпорети
и фрижидери. Постои зголемена
опасност од струен удар, доколку
вашето тело е заземјено.
c) Не ги изложувајте електричните
алати на дожд или влага.
Продирањето на вода во електричниот
уред ќе ја зголеми опасноста од струен
удар.
d) Немојте да го злоупотребувате
кабелот за напојување. Никогаш
не го користете кабелот за
напојување за носење, влечење или
исклучување на електричниот алат.
Чувајте го кабелот за напојување
подалеку од топлина, масло, остри
ивици или подвижни делови.
Оштетените или заплетканите кабли за
напојување ја зголемуваат опасноста од
струен удар.
e) Кога го употребувате електричниот
алат надвор, користете продолжен
кабел кој е соодветен за употреба
на отворен простор. Користењето на
кабел соодветен за работа на отворен
простор ја намалува опасноста од
струен удар.
f) Доколку не може да се избегне
работа со електричниот алат во
влажна средина, користете заштитен
уред што работи на резидуална
струја (RCD). Употребата на RCD ја
намалува опасноста од струен удар.
3) Лична безбедност
a) Бидете внимателни, внимавајте што
правите и постапувајте разумно
додека работите со електричниот
алат. Никогаш не работете со
електричен алат ако сте уморни или
под влијание на дрога, алкохол или
лекови. Момент на невнимание при
работење со електрични алати може да
доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема.
Секогаш носете заштитни очила.
Носењето на заштитна опрема, како
што е маска за прашина, безбедносни
обувки кои не се лизгаат, заштитен
шлем или штитници за уши, употребени
во соодветни услови, ја намалуваат
опасноста од лични повреди.
c) Спречете случајно вклучување.
Осигурете се дека прекинувачот
е на позицијата off (исклучено)
пред приклучувањето на изворот
на напојување и/или батеријата,
подигнувањето или носењето на
алатот. Носењето на електричниот
алат со вашиот прст на прекинувачот
или вклучување на електрични алати со
прекинувачот поставен на позиција on
(приклучено) доведува до несреќи.
d) Пред вклучување на електричниот
алат отстранете ги сите клучеви
за подесување или алати за
навртување. Алат или клуч што е
оставен прикачен на ротациониот дел
на уредот, може да доведе до лична
повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената
граница. Цело време одржувајте
правилен став и рамнотежа. На
тој начин можете подобро да го
контролирате електричниот алат во
неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете
широка облека или накит. Чувајте
ги косата и облеката подалеку
од подвижните делови. Широката
облека, накитот или долгата коса може
да се фатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди
за приклучување на апарати
за вшмукување и собирање
прашина, осигурете се дека
тие се правилно приклучени и
користени. Користењето на уреди за
собирање прашина може да ги намали
опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато
со честата употреба на алатите
да ве направи невнимателни и
да ги игнорирате безбедносните
принципи при нивното користење.
Невнимателната активност може да
предизвика сериозна повреда во дел
од секунда.
4) Употреба на електрични алати и
грижа за нив
a) Не преоптоварувајте го
електричниот алат. Користете ја
172

Publicidad

loading