Descargar Imprimir esta página

Bosch GKS Professional 18V-57-2 Manual Original página 203

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Исфрлувач на струготини (види слика B)
Исфрлувачот на струготини (18) слободно се врти.
На исфрлувачот на струготини (18) може да се приклучи
црево за всисување со дијаметар од 35 mm или кутија за
прав/струготини (28).
Заради обезбедување на оптимално всисување,
исфрлувачот на струготини (18) мора редовно да се
чисти.
Надворешно всисување
Поврзете го цревото за всисување (29) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прашина ќе го
најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Монтирање на куките за закачување
(види слики F–G)
Подигнете го капакот (3) странично на отворот со
одвртувач. Монтирајте ги куките за закачување (30) и
осигурете ги со две завртки. Затегнете ги завртките со
1,8−2 Nm. Куката за закачување (30) може да се навали.
Работа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Начини на работа
Подесување на длабочината на сечење (види слика C)
Подесете ја длабочината на сечење на дебелината
u
на делот што се обработува. Под делот што се
обработува, треба да биде видливо помалку од
полната висина на запците.
Олабавете го затезната рачка (7). За помала длабочина
на сечење тргнете ја пилата од основната плоча (15), а за
поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча
Bosch Power Tools
(15). Саканата димензија подесете ја на скалата за
длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го
затезната рачка (7).
Затезната сила на затезната рачка (7) може
дополнително да се подеси. Притоа одвртете ја затезната
рачка (7) и повторно затегнете ја поместена за најмалку
30° во правец спротивен на стрелките на часовникот.
Подесување на закосениот агол
Најдобро е да го поставите електричниот алат на челната
страна на заштитниот капак (17).
Олабавете ги затезниот лост за претходно избирање на
аголот на косо сечење (9). Навалете ја пилата странично.
Подесете ја саканата димензија на скалата (8). Повторно
цврсто стегнете го затезната рачка (9).
Напомена: При сечење со закосување длабочината на
сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за
подесување на длабочината на сечење (20).
Ознаки за сечење
GKS 18V-57-2
45
0
Ознаката на резот (12) ја прикажува позицијата на
сечилото за пила при правоаголно сечење.
За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што
се обработува како што е прикажано на сликата.
Најдобро е да направите пробен рез.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (2) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(1) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (1).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (1) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Вклучување на LED-работното светло
Светлото (10) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (1) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
Македонски | 203
GKS 18V-57-2 L
0
45
1 609 92A 9F7 | (29.05.2024)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gks professional 18v-57-2 l