Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (1). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика D)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да
се приклучи црево за всисување (Ø 35 mm) (17)
(опрема).
Поврзете го цревото за всисување (17) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика D)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (18). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(1). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (18)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со рачката за поместување (4) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (1) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (4) додека не се
Bosch Power Tools
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (4).
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батеријата
Вметнете ја наполнетата батерија (7) во дршката за
батерија, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (5) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (6) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (6) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува
времето на запирање на вратилото на ножот по
исклучување на електричниот алат.
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може бесстепено да се подеси
длабочината на стругање од 0–1,6 mm со помош на
скалата за подесување на длабочината на стругање (3).
Совети при работењето
Процес на рендање
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот алат со предниот дел на подлогата од
рендето (10).
Ставете го електричниот алат само кога е вклучен
u
на делот што се обработува. Инаку постои опасност
од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се
заглави во делот што се обработува.
Вклучете го електричниот алат и водете го со иста брзина
по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.
Македонски | 153
1 609 92A 5TN | (23.06.2020)