Descargar Imprimir esta página

Beko BU1104N Manual Del Usuario página 39

Ocultar thumbs Ver también para BU1104N:

Publicidad

Idiomas disponibles

Idiomas disponibles

5 Промена на насоката на вратата
6 Подготовка
Прво прочитајте го делот
„Упатства за безбедност"!
6.1 Што да направите за заштеда
на енергија
Поврзувањето на производот за
електронски системи за заштеда
на енергија е штетно бидејќи така
производот може да се оштети.
• Овој апарат за ладење не е наменет
да се користи како вграден апарат.
• Не ги оставајте вратите на
фрижидерот отворени долго време.
• Не ставајте топла храна или топли
пијалаци во фрижидерот.
• Не го преполнувајте фрижидерот,
бидејќи ако се блокира протокот на
воздух во него ќе се намали
капацитетот на ладење.
• Бидејќи топлиот и влажен воздух нема
директно да навлезе во фрижидерот
ако не ги отворате вратите, тој ќе
работи ефикасно обезбедувајќи
максимални услови за заштита на
храната. Во дадени услови, функциите
и составните делови како што се
компресорот, вентилаторот, грејачот,
одмрзнувањето, осветлувањето,
дисплејот итн., ќе работат во
согласност според потребите и ќе
трошат минимална енергија.
• Во случај да има повеќе опции,
стаклените полици треба да се
наместат на таков начин што излезите
за воздух на задниот ѕид да не се
блокирани, а пожелно е да бидат под
стаклената полица. Така подобро ќе се
распореди воздухот и ќе се заштеди
енергија.
• Силно се препорачува користење на
фиоката подолу при складирање.
• Храната да се чува со фиоките во
одделот за ладење за да се обезбеди
заштеда на енергијата и да се заштити
храната во подобри услови.
6.2 Прва употреба
Пред да го користите фрижидерот,
проверете дали се направени
потребните подготовки според
упатствата во деловите „Упатства за
безбедноста и за средината" и
„Инсталација".
• Производот нека работи без да
ставате храна во него 6 часа и не
отворајте ја вратата, освен ако не е
баш неопходно.
• Поради температурните промени што
настануваат поради отворањето и
затворањето на вратата, може да се
насоберат капки од кондензација на
полиците на вратата и внатре во
фрижидерот, како и врз стаклените
садови што се во фрижидерот.
MK / 39
HR
MK
SR
ES

Publicidad

loading