делот што се обработува, граничникот и масата
покрај линијата на сечење. Накривен или навален
дел што се обработува може да се извитка или помести
и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при
сечење. Не смее да има шајки или други надворешни
предмети во делот што се обработува.
Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен
u
делот што се обработува, има алати, дрвени
остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани
парчиња дрво или други предмети ако се допрат до
ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема
брзина.
Сечете само еден дел истовремено. Повеќе
u
парчиња не може соодветно да се зацврстат или
поврзат и може да се фатат за сечилото или да се
изместат во текот на сечењето.
Проверете дали пилата за сечење под агол е
u
монтирана или наместена на рамна, цврста работна
површина пред да ја користите. Рамна и цврста
работна површина го намалува ризикот пилата за
сечење под агол да стане нестабилна.
Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените
u
косината или подесениот агол на закосување,
проверете дали граничникот кој се подесува е
правилно поставен за држење на делот што се
обработува и дека нема да го попречува сечилото
или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на
„ON" и без делот што се обработува на масата, движете
го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек
за да проверите дали има некакви пречки или
опасност да се пресече граничникот.
Обезбедете соодветен потпирач, како на пр.,
u
додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и
др., за дел што се обработува кој е поширок или
подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што
се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за
сечење под агол може да се навалат доколку не се
зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се
обработува се навали, може да го подигне долниот
штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило.
Не користете друго лице како замена за додаток на
u
масата или како дополнителен држач. Нестабилен
држач за делот што се обработува може да предизвика
зафаќање на сечилото или поместување на делот што
се обработува во текот на сечењето и да ве повлече
вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон
u
ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош
на граничниците за должина, исечениот дел може да
се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач
u
правилно дизајниран за држење на тркалезен
материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките
се склони кон вртење додека се сечат и
предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот
со вашата рака кон сечилото.
Bosch Power Tools
Оставете сечилото да достигне целосна брзина
u
пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе
се намали ризикот делот што се обработува да биде
отфрлен.
Ако делот што се обработува или сечилото се
u
заглави, исклучете ја аголната пила. Почекајте сите
подвижни делови да застанат и исклучете го
приклучокот од струја и/или извадете го
пакувањето со батерии. Потоа извадете го
заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со
заглавен дел што се обработува може да изгубите
контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го
u
копчето, држете ја главата на пилата надолу и
почекајте сечилото да застане пред да го извадите
исечениот дел. Приближување на раката до сечило
кое сè уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен
u
засек или кога го ослободувате копчето пред
пилата да биде ставена во целосна надолна
позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика
главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу
и да предизвика опасност или повреда.
Не отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја
u
има достигнато најдолната позиција. Секогаш
враќајте ја рачно главата на пилата до најгорната
позиција. Ако главата на пилата се движи
неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од
повреди.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени
u
листови за пила. Листовите на пилата со тапи или
неправилни запци, заради претесниот резен
процеп, предизвикуваат зголемено триење и
заглавување на листот на пилата или повратен
удар.
Не користете листови за пила од високо легиран
u
брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на
пила може лесно да се скршат.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не ги отстранувајте остатоците од
u
сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за
сечење, додека е вклучен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека
u
не се олади. Листот за пилата за време на работата се
вжештува.
Македонски | 283
1 609 92A 8HX | (23.03.2023)