Descargar Imprimir esta página

Bosch AdvancedDrill 18V-80 Manual Original página 178

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
178 | Македонски
Недозволиви додатоци за режим на ударно дупчење
(види слика K)
За режимот на работа „ударно дупчење" додатоците
ексцентричен додаток (16) и аголен додаток (17) се
недозволени.
Вметнете го алатот за вметнување во додатокот (види
слика D)
Вметнете го алатот за вметнување до крај во додатокот.
Алатот за вметнување се задржува во додатокот со
помош на магнет.
Магнетно капаче (види слика E)
Со магнетното капаче (15) се стабилизираат завртките.
Прикачете го магнетното капаче (15) на прифатот на
алатот (3). Магнетното капаче се вклопува звучно.
Потоа вметнете го битот за завртување (18) во прифатот
на алатот (3) и извлечете го магнетното капаче нанапред
преку битот за завртување.
Ставете завртка на битот за завртување.
Додаток на стезна глава (види слика F)
Отворете го додатокот за стезна глава (14) со завртување
во правец ➊, додека не се вметне алатот за вметнување.
Вметнете го алатот за вметнување.
Чаурата на додатокот на стезната глава (14) свртете ја
цврсто со рака во правец ➋. Со тоа, главата за дупчење
автоматски се заклучува.
Вртење на додатокот (види слика G)
Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот
алат и потоа додатокот од прифатот на алатот (3).
Завртете го додатокот во саканата позиција и потоа
повторно вметнете го.
Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот.
Демонтирање на додатокот (види слика H)
Извадете го алатот за вметнување.
Извадете го прстенот за отклучување (1) од електричниот
алат и извлечете го додатокот од прифатот на алатот (3).
Комбинирање на додатоци (види слика I)
Извадете го алатот за вметнување.
Прикачете го аголниот додаток (17) на прифатот на
алатот (3).
Со влечење проверете дали е зацврстен аголниот
додаток (17).
Прикачете го додатокот на стезната глава (14) на
аголниот додаток (17).
Со влечење проверете дали е зацврстен додатокот на
стезната глава (14).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
1 609 92A 9H7 | (19.02.2024)
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на правецот на вртење (види слика J)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (7)
може да го промените правецот на вртење на
електричниот алат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (13) е притиснат ова не е
возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење (7) налево до крај.
Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на
вртење (7) на десно до крај.
Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (4)
може да го изберете потребниот вртежен момент во
степени. При правилно подесување, алатот што се
вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се
заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне
поставениот вртежен момент. Во позицијата 
преоптеретената спојка е деактивирана, на пр. за
дупчење или за завртување на големи завртки. На ова
ниво го достигнувате максималниот вртежен момент.
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзина (6) може да го
u
активирате во состојба на мирување или додека
работи електричниот алат. Сепак тој не смее да се
активира при целосно оптоварување или
максимален број на вртежи.
Брзина I:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина II:
Висок обем на вртежи; за дупчење и ударно дупчење со
мал и среден дијаметар на дупките.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading