Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GBS 750 Manual Original página 116

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
116 | Македонски
капацитетот на отстранување и е помазна површината
што се бруси.
Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат
за добар капацитет на брусење и одржување на
електричниот алат.
Работете со што е можно помал притисок на површината,
за да го продолжите рокот на употреба на брусните
ленти. Тежината на електричниот алат е доволна за добар
капацитет на брусење. Прекумерното зголемување на
притисокот врз површината не води кон зголемен
капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на
електричниот алат и брусната лента.
Вклучете го електричниот алат и поставете го на
површината која треба да се обработува. Работете со
умерени движења, вршете го процесот на брусење
паралелно и со преклопување кон брусните шини.
Брусете во правец на влакната, доколку брусите
попречно може да предизвикате груба абразија.
Особено при брусење на остатоци од лак, може да се
случи тие да се стопат и да дојде до замачување на
површината што се обработува и на брусната лента.
Затоа работете со всисувач за прав.
Брусната лента со која сте обработувале метал, не ја
користете за други материјали.
Користете само оригинална Bosch брусна опрема.
Брусните ленти чувајте ги закачени и не ги виткајте,
бидејќи ќе станат неупотребливи.
Со брусните рамки (опрема) може да обезбедите
рамномерен капацитет на отстранување при рамно
брусење на големи дрвени површини.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Отстранете ја насобраната прав од брусењето со четка.
Менување на графитната плоча (опрема) (види
слика B)
Графитната плоча (11) (опрема) се навртува на
лизгачкиот лим (12) и овозможува оптимална слика на
брусењето.
Графитната плоча (11) се троши во зависност од
интензитетот на користење. За менување на графитната
плоча (11) извадете ја брусната лента (2). Одвртете ја
графитната плоча (11) и заменете ја.
1 609 92A 96H | (16.01.2024)
По поставувањето на брусната лента, подесете го
движењето на лентата (види „Замена на брусната лента
(види слика A)", Страница 115).
Замена на карбонските четки (види слика C)
Проверувајте ја должината на карбонските четки на
секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги.
Никогаш не менувајте само една карбонска четка!
Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch,
кои се наменети за производот.
– Отстранете ја завртката од дополнителниот преден
поклопец (13) со крстест одвртувач. Извадете го
дополнителниот поклопец.
– Отстранете ја завртката од двете страни на
поклопецот (14) со соодветен одвртувач.
– Заменете ги карбонските четки (15) што се под
притисок на пружината и повторно навртете ги
поклопците.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
Тел: +389 2 3174-303
Моб: +389 70 388-520, -530
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
под:
www.bosch-pt.com/serviceaddresses
Отстранување
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните алати во
домашната канта за отпадоци!
Bosch Power Tools

Publicidad

loading