mk
положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да има предвид дека вртежниот момент на алатот во случај
на отпор може да го придвижи алатот во насока обратна од вртењето на работниот дел. Видете го заглавието
„Упатства за ракување".
При отпакувањето на алатот проверете дали тој е цел, комплетен и неоштетен при транспортот. Никогаш не
користете оштетен алат.
Пред употребата проверете дали потпорната подлога е правилно закачена и затегната. Поврзете го кабелот за
напојување со алатот. Поврзете го кабелот за напојување во заземјена приклучница (220 240 V AC, 5060Hz).
За да извлечете максимална моќност од овој алат, се препорачува да го користите заедно со систем за вшмукување
прашина на компанијата Mirka (или друг соодветен уред за вшмукување прашина) и производите за брусење на
Mirka Net. Комбинацијата на брусилката, производите за брусење Net и системот за вшмукување прашина на
компанијата Mirka ја сочинуваат основата на решенијата за брусење без прашина.
Кабелот за напојување на алатот се поврзува на извор на мрежно напојување на системот за вшмукување на
прашината. Со поврзување на кабелот за напојување на алатот со излезниот отвор на системот за вшмукување
прашина, можно е да се користи функцијата за автоматско стартување на системот за вшмукување прашина.
• Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Алатот може да се користи во секаква положба. Напомена! При
стартувањето на брусилката може да се создаде несакана реакција поради вртежниот момент.
• Осигурете се дека брусилката е исклучена. зберете соодветна брусна хартија и прицврстете ја за потпорната
подлога. Проверете дали брусната хартија е центрирана на потпорната подлога. За оптимални перформанси
препорачуваме потпорна подлога на компанијата Mirka и Mirka Net производи за брусење.
• Вклучете ја брусилката така што ќе го притиснете копчето за вклучување/исклучување, видете слика 1.
Повеќенаменскиот LED-индикатор на брусилката сега свети зелено, видете слика 1.
• Сега можете да ја стартувате брусилката така што ќе ја притиснете рачката.
• Со менување на положбата на рачката можете да го прилагодувате бројот на вртежи меѓу 4,000 rpm и максималниот
број вртежи во минута.
• Максималниот број вртежи во минута можете да го прилагодите со притискање на копчињата speed+ или speed–,
видете слика 1. Секое притискање ја зголемува или намалува брзината за 1.000 врт./мин. (DEROS II 750: 500
врт./мин.) додека не ги достигне ограничувањата. За ограничувањата на максималниот број вртежи во минута
за конкретни модели, погледнете го поглавјето со технички податоци.
• Алатот има два режими за контрола на брзината. Во стандардниот режим, бројот на вртежи може да се прилагодува
линеарно со менување на положбата на рачката. Во другиот режим, бројот на вртежи е фиксиран на поставениот
максимален број на вртежи кога алатот работи. Префрлувањето меѓу двата режими на контрола се врши со
истовремено притискање на копчињата rpm+ и rpm–.
• Пред брусењето, секогаш прво поставувајте го алатот на работната површина пред да го стартувате. Пред
запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од работната површина. На овој начин ќе го спречите создавањето
жлебови на работната површина поради преголема вртежна брзина на брусната хартија.
• Кога ќе завршите со брусењето, исклучете ја брусилката со притискање на копчето за вклучување/исклучување.
Сите LED-индикатори се исклучени освен LED-индикаторот за безжичен сигнал, ако алатот е поврзан.
Bluetooth
Алатот е опремен со Bluetooth® технологија со ниска потрошувачка и може да се поврзе на апликација MyMirka
преку која се добива пристап до дополнителни функции на алатот. За повеќе информации за функционалноста на
апликацијата и за нејзината достапност во вашата земја, одете на www.mirka.com/mymirka
Активирајте Bluetooth на вашиот Mirka
1.
Поврзете го кабелот за напојување во струјниот приклучок.
2.
Притиснете го и задржете го копчето Speed+ додека го вклучувате алатот со помош на копчето за
вклучување/исклучување.
3.
LED-индикаторот за безжичен сигнал започнува да трепка сино, да покаже дека Bluetooth е активен.
LED-индикаторот свети постојано кога ќе се воспостави конекција.
4.
Bluetooth се деактивира кога ќе го исклучите алатот од струјниот приклучок.
148
Mirka® DEROS II 325, 350, 550, 625, 650, 680 & 750
®
DEROS II на следниот начин: