Descargar Imprimir esta página

MIRKA DEROS II 325 Instrucciones De Manejo página 150

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 63
mk
Одржување
Секогаш исклучувајте го алатот од напојувањето пред одржувањето!
Користете исклучиво оригинални резервни делови од Mirka!
Замена на потпорната
1.
Вметнете го клучот за подлога меѓу потпорната подлога и заптивката на кочницата за да ја зафатите навртката
на осовината.
2.
Свртете ја потпорната подлога спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да ја
отстраните.
3.
Поставете ја и затегнете ја новата потпорна подлога со помош на подметки.
4.
Отстранете го клучот за подлогата.
Штитниците за подлога на Mirka се дизајнирани да ја заштитат потпорната подлога од трошење при агресивно и
континуирано брусење со Net производите. Овие поволни штитници за подлога кои се поставуваат помеѓу
потпорната подлога и лентата за брусење треба редовно да се менуваат. Штитниците за подлога го продолжуваат
работниот век на потпорната подлога.
НАПОМЕНА! Преголемиот вакуум во системот за вшмукување на прашината може да доведе до дефект на заптивката
на кочницата.
1.
Отстранете ја потпорната подлога како што е опишано погоре.
2.
звлечете ја старата заптивка на кочницата од нејзиното лежиште.
3.
Вградете ја новата заптивка на кочницата во лежиштето.
4.
Вградете ја потпорната подлога како што е опишано погоре.
5.
Проверете ја функционалноста на заптивката на кочницата. Можете да го прилагодите дејството на заптивката
на кочницата така што ќе го промените бројот на подметки меѓу осовината и потпорната подлога.
Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица. За гаранцијата на алатот да остане важечка и за да обезбедите
оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува овластениот сервисен
центар на компанијата Mirka. За да пронајдете локален овластен сервисен центар на компанијата Mirka, обратете
се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka, вашиот продавач на Mirka или одете на www.mirka.com.
150
Mirka® DEROS II 325, 350, 550, 625, 650, 680 & 750

Publicidad

loading