Bosch PBD 40 Manual Original página 180

Ocultar thumbs Ver también para PBD 40:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 32
OBJ_BUCH-1183-007.book Page 180 Friday, June 30, 2017 3:12 PM
180 | Македонски
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за столни дупчалки
 Внимание – доколку користите други уреди за
подесување и ракување освен овде наведените или
поинакви постапки, ова може да доведе до опасна
изложеност на зрачење.
 Електричниот апарат се испорачува со натпис за
предупредување (означено на приказот на мерниот
уред на графичката страна со број 10).
Laserstrahlung
nicht in den Strahl
blicken
Laser Klasse 2
EN 60825-1:2014
<1mW 650nm
 Доколку текстот на налепницата за предупредување
не е на вашиот јазик, врз него залепете ја
налепницата на вашиот јазик пред првата употреба.
Не го насочувајте ласерскиот зрак на
лица или животни и не погледнувајте
директно во него или неговата
рефлексија. Така може да ги заслепите
лицата, да предизвикате несреќи или да
ги оштетите очите.
 Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш
треба да ги затворите и да ја тргнете главата од
ласерскиот зрак.
 Не вршете никакви промени на ласерскиот уред.
 Децата да не го користат електричниот алат со ласер
без надзор. Може да ги заслепат другите лица.
1 609 92A 3XK | (30.6.17)
 Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на
електричниот апарат.
 Прицврстете го електричниот апарат на цврста,
рамна и хоризонтална површина. Доколку постои
можност електричниот апарат да се помести или ниша,
алатот за вметнување не може да се води рамномерно
и безбедно.
 Одржувајте ја чистотата на работната површина и
делот што се обработува. Острите струготини од
дупчењето и предметите може да доведат до повреди.
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
 Пред почетокот на работата, поставете го точниот
број на вртежи. Бројот на вртежи мора да биде
соодветен со дијаметарот на дупчење и материјалот
што треба да се дупчи. Доколку се постави погрешен
број на вртежи, алатот што се вметнува може да се
заглави во делот што се обработува.
 Водете го алатот што се вметнува директно кон
делот што се обработува само доколку е вклучен.
Инаку постои опасност алатот што се вметнува да се
заглави во делот што се обработува и да го повлече
истиот. Ова може да доведе до повреди.
 Не посегнувајте со дланките во полето на дупчење,
додека работи електричниот апарат. Доколку
дојдете во контакт со алатот што се вметнува постои
опасност од повреда.
 Никогаш не ги отстранувајте струготините од
дупчењето, додека работи електричниот апарат.
Најпрво ставете ја погонската единица во позиција на
мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
 Не ги отстранувајте струготините од дупчењето со
голи раце. Постои опасност од повреда, особено од
врелите и острите метални струготини.
 Скршете ги долгите струготини од дупчењето, така
што ќе го прекинете процесот на дупчење со кратко
вртење на вртливото тркалце. Поради долгите
струготини од дупчењето, постои опасност од повреда.
 Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги
замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може да
доведат до губење на контролата.
 Користете уреди за затегање, брз затегнувач или
машинско менгеме (опрема), за да го прицврстите
делот што се обработува. Не обработувајте
парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
Доколку со дланката цврсто го држите делот што се
обработува, не може целосно да го заштитите од
вртење и може да се повредите.
 Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
–се преоптовари електричниот алат или
–е накривен во однос на парчето што се обработува.
 Не го фаќајте алатот што се вметнува по работата,
додека не се олади. Алатот што се вметнува за време
на работата се вжештува.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido