Stiga CS 40 Li Manual De Instrucciones página 321

Motosierra de cadena alimentada por batería portátil
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 167
6.4.2.b Сечење дрво
ВАЖНО Кога две или повеќе лица
истовремено изведуваат работи за сечење
и цепкање, таквите операции треба да се
изведуваат во засебни зони на растојание
на 2.5 пати од висината на исеченото
дрво. Не соборувајте го дрвото ако постои
ризик да загрозите други лица, да удрите
електричен вод или да предизвикате друга
материјална штета. Во случај кога дрвото
ќе допре на далновод, се препорачува
веднаш да се повика компанијата што е
надлежна за дистрибуција на ел. енергија.
Пред да сечете:
– потребно е да се земе во предвид
природното закосување на дрвото, од
страната на кој гранките се многу големи,
како и правецот на ветрот, така што ќе се
процени начинот на кој ќе паѓа дрвото,
– исчистете го дрвото од нечистотии,
парчиња кора, клинци и
метални парчиња и жици,
– исчистете ја областа околу дрвото и
обезбедете добра потпора за нозете,
– подгответе соодветни патеки за
повлекување без пречки. Патеките за
повлекување треба да се подготвени
за околу 45° во спротивниот правец
од паѓањето на дрвото (сл. 13) и
треба да дозволуваат оддалечување
на операторот во безбедна зона
подалеку за 2,5 пати од висината на
дрвото што треба да се собори,
– Стојте нагорно од теренот каде
веројатно ќе се изврти или падне
дрвото по соборувањето.
• Сечење во основа
1. Работете обратно од целта на теренот
каде треба да се собори дрвото.
2. Поставете се оддесно на дрвото
и зад моторната пила.
3. Извршете го сечењето до 1/3 од
дијаметарот на дрвото, вертикално
во правецот на паѓањето (сл. 14.A).
• Задно сечење за соборување
1. Спроведете задно сечење за соборување
на горно ниво на приближно 5 см од
хоризонталното засекување (сл. 15.B).
2. Извршете го задното сечење за
соборување на начин да се ослободи
доволно дрвна маса за навалување
(сл. 15.C). Дрвната маса за навалување
спречува движење со триење на дрвото
и негово паѓање во погрешен правец.
Не сечете наспроти навалувањето.
3. Без да го извадите лостот, постепено
намалувајте ја постепено навлезеноста
на дрвната маса додека не падне дрвото.
4. Ако постои каков било ризик дрвото
да падне во несакан правец или ако
изгуби рамнотежа наназад и го превитка
назабениот синџир, престанете со сечење
пред завршување на задното сечење
за соборување и употребете дрвени,
пластични или алуминиумски клинови
за да го отворите засекувањето и за
да падне дрвото долж саканата линија
за паѓање (сл. 16.D) за да го отворите
засекот. Оставете дрвото да падне
долж саканата линија за соборување
удирајќи со чекан врз клинот.
5. Кога дрвото ќе почне да паѓа, треба да
ја извлечете машината, да ја застанете
(пасус 6.5), да ја ставите на земја и потоа
да се оддалечите преку предвидениот
пат за излез. Треба да внимавате на
паѓањето на гранките од висина и
да внимавате каде стапнувате.
6.4.2.c Кастрење на гранките на дрвото
Кастрење значи сечење на
гранките од паднатото дрво.
Обрнете внимание за точките на
потпора за гранките на теренот, ако
е можно да има отпор во правецот
што може гранката да го заземе при
сечењето и за можната нестабилност
на дрвото по сечење на гранките.
Кога се кастри, треба да се остават
задните поголемите гранки, за да го
подржуваат стеблото на почвата.
Исечете ги малите гранки со
еден потег (сл. 17.A).
Најдобро е да се сечат гранките под
отпорот и да се започне од дното кон
нагоре за да се избегне превиткување
на пилата со синџирот (сл. 17.B).
6.4.2.d Сечење стебло
Сечењето значи сечење на
стеблото по должина.
Важно е да се обезбеди потпората под
стапалата да биде цврста и тежината да
биде распоредена еднакво на двете нозе.
Ако е можно, се препорачува подигнување
и одржување на стеблото на половина
висина на гранките, стеблата и ластарките.
Сечењето на стеблото се олеснува со
користење на харпунот (сл. 1.I):
MK - 12

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido