Главни Делови; Делови За Монтирање; Монтирање На Лостот За Наведување И На Синџирот Со Запци - Stiga CS 40 Li Manual De Instrucciones

Motosierra de cadena alimentada por batería portátil
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 167
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови, коишто се наменети
за следни функции (сл. 1):
A. Мотор: обезбедува движење
на уредот со сечивото.
B. Предна рачка: рачка за потпора
поставена во предниот дел на моторната
пила. Се држи со левата рака.
C. Задна рачка: рачка за потпора поставена
во задниот дел на моторната пила. Се
држи со десната рака. Тука се наоѓаат
главните команди за забрзување.
D. Предна заштита за раката: уред
за заштита поставен меѓу предната
рачка и синџирот со запци за да
ја заштити раката од повреди во
случај да се лизне од рачката.
E. Задна заштита за раката: уред за
заштита на местото поставена на
задниот дел од рачката оддесно за
да ја заштитува раката од пилата
со синџир во случај на дефект или
излегување на лостот за наведување.
F.
Лост за наведување: на него се наоѓа
и го управува синџирот со запци.
G. Синџир со запци: елемент предвиден
за сечење којшто се состои од преносник
со мали сечива наречени „запци" и
странични поврзувања со чивии.
H. Клин за сопирање на синџирот:
безбедносен уред којшто спречува
неконтролирани движења на
синџирот со запци во случај на
дефект или разлабавување.
I.
Харпун: уред поставен напред, на
местото за монтирање на лостот за
наведување којшто служи како потпора
кога е закачен за дрво или трупец.
J.
Заштита за лостот: уред за покривање
на пилата со синџир којшто се става
врз лостот за наведување којшто
се користи при носење, транспорт
и преместување на машината.
K. Заштита за харпунот: уред за
покривање на харпунот којшто помага
при преместување, транспорт или
одложување на машината. Оваа
заштита се вади во текот на работата.
L. Батерија: уред што обезбедува
енергија за ел. палење на моторот.
Одликите на батеријата се
опишани во засебно упатство.
M. Полнач за батеријата: уред што се
користи за полнење на батеријата.
4. МОНТИРАЊЕ
Безбедносните одредби што
треба да ги следите се дадени во
поглавје 2. Строго придржувајте
се до тие упатства за да избегнете
сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт,
одредени компоненти на машината
веројатно не се монтирани во фабриката,
туку треба да се монтираат по вадење на
амбалажата следејќи ги следните упатства.
4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ
Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.
4.1.1 Распакување
1. Отворете го пакувањето внимателно
за да не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите
делови што не се монтирани.
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата
согласно локалните одредби.
4.2 МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ
ЗА НАВЕДУВАЊЕ И НА
СИНЏИРОТ СО ЗАПЦИ
Секогаш носете масивни ракавици
за работа кога ракувате со лостот
и со ланецот. Обрнете максимално
внимание при составување на лостот
и синџирот за да не се нарушат
безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Извршувајте ги сите операции
откако ќе ја извадите батеријата.
Пред да го поставите лостот,
уверете се дека сопирачката за
синџирот не е вметната (пасус 5.3).
1. Отшрафете го ракофатот (сл. 3.A) и
извадете го картерот на синџирот
(сл. 3.B), за да дојдете до клинот за
преносот и до лежиштето за лостот.
2. Поставете го лостот (сл. 4.A) ставајќи
го клинот (сл. 4.B) на место (сл. 4.C) и
свртете кон задниот дел на машината.
3. Поставете го синџирот околу запците
за влечење (сл. 5.A) и долж лостот за
MK - 8

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido