OBJ_BUCH-506-005.book Page 108 Monday, March 14, 2016 10:06 AM
108 | Македонски
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 5.
Зашрафете ја дополнителната дршка 5 во навојот 4 на
погонската глава.
Замена на алатот (види слика A)
Во прифатот за алат 1 може директно да се вметнат алати
за дупчење со морзе конус MK3. За дупчалки со морзе
конус MK2 употребете редукциска чаура 10.
Внимавајте, на морзе конусот не смее да има маснотија.
Вметнувањето на алати за дупчење со цилиндрично
вретено е возможно со запчеста глава за дупчење 12.
Притоа зашрафете ја конусната чивија 11 на запчестата
глава 12 и вметнете ја конусната чивија со редукциската
чаура 10 во прифатот за алат 1.
При вметнувањето на морзе конусот одн. конусната
чаура не употребувајте сила. Ова може да доведе до
оштетувања на прифатот за алат и вметнатиот алат.
Вметнете го клинот за исфрлање 9 во отворот 2, така што
заоблената страна ќе покажува кон дополнителната дршка
5.
Доколку клинот за исфрлање 9 не може да се вметне низ
погонското вретено, свртете го малку алатот што се
вметнува.
Притиснете го клинот за исфрлање 9 во правец на
дополнителната дршка 5 и извадете го алатот што се
вметнува од прифатот за алат.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 2AP | (14.3.16)
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзини 3 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Со прекинувачот за избор на брзини 3 може да изберете 4
обеми на брзини. Притиснете го прекинувачот за избор на
брзина 3 надолу, вметнете го соодветно на шемата за
приклучување и вклопете го во односната крајна
позиција.
Брзина I:
Низок обем на вртежи; за работење
со голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Среден обем на вртежи.
Брзина III:
Среден обем на вртежи.
Брзина IV:
Висок обем на вртежи; за работење
со мал дијаметар на дупчење.
Доколку прекинувачот за менување брзини 3 не може да
се вметне до крај, свртете го малку погонското вратило со
дупчалката.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
7 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 7 притиснете го копчето за
фиксирање 6.
Bosch Power Tools