Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GSB 162-2 RE Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GSB 162-2 RE Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

OBJ_BUCH-1294-002.book Page 128 Tuesday, June 3, 2014 11:14 AM
128 | Македонски
Дополнителна дршка (види слика A)
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 10.
Дополнителната дршка 10 може да ја подесите во
12 позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната дршка 10 во
правец на вртење  и притиснете ја дополнителната
дршка 10 нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
дршка 10 наназад и свртете го долниот дел на дршката во
правец на вртење  и затегнете го.
Подесување на длабочина на дупчење
Со граничникот за длабочина 7 може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на
граничникот за длабочина 9 и поставете го граничникот за
длабочина во дополнителната дршка 10.
Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да
одговара на растојанието на саканата длабочина на
дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот
за длабочина X.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за
подесување на граничникот за длабочина 9.
Замена на алатот
 При менување на алатот носете заштитни ракавици.
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава со автоматска блокада (види слика D)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 1
додека не се отвори за да може да се стави алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегање на главата за дупчење 12 ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 1 и
затегнете го алатот.
Запчеста глава со рачна блокада (види слика E)
Со вртење отворете ја запчестата глава 16, додека не
може да се стави алатот. Вметнете го алатот.
Клучот за затегање на главата за дупчење 15 ставете го во
соодветните отвори на запчестата глава 16 и затегнете го
алатот.
Со шестоаголникот на клучот за затегање на главата за
дупчење 15 свртете го ексцентарот во правец  до крај.
Со тоа ќе се осигура силата на затегнување.
За да го извадите алатот за вметнување свртете го
ексцентарот во правец  и отворете ја запчестата глава
16 со клучот за затегање на главата за дупчење 15.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот 13 секогаш
треба да користите универзален држач за битови 14.
Користете само битови што се соодветни на главата за
зашрафување.
Поставувајте го прекинувачот 2 „Дупчење/ударно
дупчење" секогаш на ознаката „Дупчење", доколку
одвртувате.
2 609 932 882 | (3.6.14)
Менување на главата за дупчење
Демонтирање на главата за дупчење (види слика F)
За да ја демонтирате запчестата глава 1 ставете вилушкаст
клуч 17 (ширина на клучот 17 мм) на површината на
клучот на погонското вратило.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Ставете го клучот за затегање на
главата за дупчење 12 во еден од трите отвори на
запчестата глава 1 и олабавете ја запчестата глава 1 со
овој лост со вртење во правецот . Јако зацврстената
запчеста глава ќе ја ослободите со лесен удар на клучот за
затегање на главата за дупчење 12. Извадете го клучот за
затегање на главата за дупчење 12 од запчестата глава и
целосно одвртете ја запчестата глава.
Монтирање на главата за дупчење (види слика G)
Монтажата на запчестата глава ќе ја извршите по обратен
редослед.
Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 53–61 Nm.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Поставете го правецот на вртење (види слики H–I)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 3
може да го промените правецот на вртење на електричниот
апарат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
5 е притиснат ова не е возможно.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gsb 162-2 re

Tabla de contenido