Автоматика За Нивелирање - Bosch GLL 2-80 P Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GLL 2-80 P Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 23
OBJ_BUCH-907-005.book Page 132 Monday, July 4, 2016 2:41 PM
132 | Македонски
Употреба
Ставање во употреба
 При работата на мерниот уред во одредени окол-
ности се слушаат гласни сигнални тонови. Затоа
држете го мерниот уред подалеку од ушите и други
лица. Гласниот тон може да го оштети слухот.
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни тем-
ператури или осцилации во температурата. Напр. не
го оставајте долго време во автомобилот. При големи
осцилации во температурата, оставете го мерниот уред
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации
во температурата, прецизноста на мерниот уред може
да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мер-
ниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да
се наруши прецизноста. По тежок удар или преврту-
вање, проверете ги ласерските линии односно ласерс-
ките зраци со хоризонтална или вертикална референт-
на линија одн. со контролните точки на вертикалата.
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „
(за работење без автоматиката за нивелирање) или во
позиција „
on" (за работење со автоматика за нивели-
рање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта
ласерски линии од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
 Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За исклучување на мерниот уред притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „off".
При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 45 °C се исклучува заради заштита на
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Доколку околу 30 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
За повторно да го вклучите мерниот уред по автоматското
исклучување, може или прво да притиснете на прекину-
вачот за вклучување/исклучување 7 во позиција „off" и
потоа повторно да го вклучите мерниот уред, или еднаш да
притиснете на копчето за режим на работа 5 или копчето
Импулсна функција 3.
1 609 92A 1YU | (4.7.16)
За да ја деактивирате автоматиката на исклучување,
држете го притиснато (при вклучен мерен уред) копчето
за режим на работа 5 најмалку 3 с. Доколку автоматиката
за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко
трепкаат за потврда.
За да го активирате автоматското исклучување, исклучете
го и повторно вклучете го мерниот уред, или пак држете го
притиснато копчето за режим на работа 5 најмалку 3 с.
Деактивирање на сигналниот тон
По вклучување на мерниот уред, сигналниот тон е секогаш
активиран.
За деактивирање одн. активирање на сигналниот тон
притиснете истовремено на копчето за режим на работа 5
и копчето импулсна функција 3 и држете го притиснато
најмалку 3 с.
При активирањето и при деактивирањето се слушаат три
кратки сигнални тонови за потврда.
Видови употреба
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги
промените било кога:
– Хоризонтален режим : емитира хоризонтална ласерска
рамнина,
– Вертикален режим: емитира вертикална ласерска
рамнина,
– Режим на вкрстени линии: емитира хоризонтална и
вертикална ласерска рамнина.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во хоризонтален
режим. За да го смените начинот на работа, притиснете на
on"
копчето за режим на работа 5.
Сите три начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 17 мора –, независно
од избраниот начин на работа –, да биде активирана
импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник 17.
За да ја вклучите импулсна функција, притиснете го
копчето 3. При вклучена импулсна функција приказот
свети 4 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е нама-
лена доколку е вклучена импулсната функција. За рабо-
тење без ласерски приемник, исклучете ја импулсната
функција со одново притискање на копчето 3. Кога е
исклучена импулсната функција, се гаси приказот 4.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога и прицврстете го на држачот 19 или стативот 22.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 7 во позиција
on".
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido