Descargar Imprimir esta página

Совети При Работењето - Bosch GLL Professional Serie Manual Original

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 35
214 | Македонски
A
d
– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените
висината. Насочете го на ѕидот A, така што
вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе
означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на ѕидот A (точка Ⅲ).
– Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A
го дава фактичкото отстапување од висината на
мерниот уред.
На мерната линија од 2 × 5 m = 10 m максималното
дозволено отстапување изнесува:
10 m × ±0,2 mm/m = ±2 mm. Разликата d меѓу точките Ⅰ и
Ⅲ смее да изнесува најмногу 2 mm.
Проверка на точноста на нивелирањето на
вертикалните линии
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на
цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од
најмалку 2,5 m.
– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од
отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на
статив). Вклучете го мерниот уред во режим со
автоматика за нивелирање. Изберете го режимот на
работа, каде се емитира вертикално ласерско ниво
фронтално пред мерниот уред.
– Означете ја средината на вертикалната ласерска
линија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 m
растојание од другата страна на отворот од вратата
(точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот
(точка Ⅲ).
1 609 92A 4F2 | (06.06.2018)
B
180°
– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на
другата страна на отворот на вратата директно зад
точката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и
насочете ја вертикалната ласерска линија така што
нејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.
– Обележете ја средината на ласерската линија на
горниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ.
– Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава
фактичкото отстапување на мерниот уред од
вертикалните линии.
– Измерете ја висината на отворот од вратата.
Повторете го мерниот процес за второто вертикално
ласерско ниво. Притоа изберете режим на работа, каде
се емитира едно вертикално ласерско ниво странично
покрај мерниот уред и пред почетокот на мерење свртете
го мерниот уред за 90°.
Максимално дозволеното отстапување го пресметувате
на следниот начин:
двојна висина на отворот на вратата × 0,2 mm/m
Пример: При висина од 2 m максималното отстапување
смее да изнесува 2 × 2 m × ±0,2 mm/m = ±0,8 mm.
Точките Ⅲ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 0,8 mm една од
друга.
Совети при работењето
За обележување, секогаш користете ја само
u
средината на ласерската линија. Ширината на
ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
u
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Работење со целна табла за ласерот
Целната табла за ласерот (27) ја подобрува видливоста
на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи
растојанија.
Рефлектирачката половина на целната табла на ласерот
(27) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ
транспарентната половина ласерската линија е видлива и
од задната страна на целната табла на ласерот.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може
да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gll 3-80 c professionalGll 3-80 cg professional