Автоматика За Нивелирање; Контрола На Точноста На Мерниот Уред - Bosch GLL 3-50 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GLL 3-50 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
160 | Македонски
При активиран режим на приемник, ласерските линии
трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се
најде ласерскиот приемник (24).
За вклучување на режимот на приемник притиснете на
копчето на ласерскиот приемник (3). Приказот за режим
на приемникот (2) свети зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е
намалена доколку е вклучен режимот на приемник. За
работење без ласерски приемник, исклучете го режимот
на приемник со одново притискање на копчето Режим на
приемникот (3). Приказот (2) се гаси.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на ротирачката платформа (16)
или на стативот (22).
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во
позиција „
On".
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање  од ±4°.
Нивелирањето е завршено штом ласерските зраци не
трепкаат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од
4° од хоризонталата, ласерските зраци почнуваат да
трепкаат брзо.
Поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го
самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во
полето на самонивелирање од ±4°, ласерските линии
светат непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната
ласерска линија во однос на референтните точки за да се
избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) во
позиција „  On". При исклучена автоматика за
нивелирање, ласерските линии постојано светат во
бавно.
При исклучена автоматика за нивелирање, мерниот уред
може да го држите слободно во рака или да го поставите
на навалена подлога. Ласерските линии не мора да се
вертикално една кон друга.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура.
Особено температурните разлики кои се движат од подот
нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба секогаш да се монтира на
1 609 92A 4HM | (19.11.2018)
статив почнувајќи од мерната линија од 20 m. Доколку е
возможно, поставувате го мерниот уред во средината на
работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр.
падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на
работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и
нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а
потоа точноста на нивелирањето на вертикалната
ласерска линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го
надмине максималното мерно отстапување, дајте го на
поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната
линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од
5 m на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на
статив или поставете го на цврста, рамна подлога.
Вклучете го мерниот уред. Изберете го режимот на
вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.
A
5 m
– Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете
го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја
средината на точката, каде ласерските линии се
вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја точката на вкрстување на
ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
B
B
Bosch Power Tools

Hide quick links:

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido