Мерки За Безбедност; Воведни Операции - GGP ITALY A 38x Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 70
4
MK
3. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запоз-
најте се со командите и правилното користење на
машината. Научете брзо да го запирате моторот.
2) Користете ја машината за она за што е наменета,
што значи за "соборување, сечење и кастрење на
дрвја со димензии што се дадени по должината на
лостот" или дрвени предмети со аналогни карак-
теристики. Било каква друга употреба може да биде
опасна и да предизвика оштетување на машината.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример,
но не се ограничува на следното):
– регулација на жива ограда,
– обликување,
– сецкање гранки, сандаци и дрвени амбалажи од се-
каков вид
– сечење мебел или што било друго што содржи клин-
ци, шрафови и секој друг вид на метални компонен-
ти,
– месарски работи,
– употреба на машината како рачка за подигнување,
спуштање или кршење предмети,
– употреба на машината кога е блокирана врз фиксна
потпора.
3) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не се запознаени со
основните упатствата. Локалните законски прописи ја
одредуваат минималната возраст на корисникот.
4) Машината смее да ја користи само еден човек.
5) Никогаш немојте да ја користите машината:
– кога во непосредна близина има други лица,
особено деца или животни;
– доколку корисникот е во состојба на замор или
изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алко-
хол или други штетни супстанци што влијаат на ка-
пацитетот за навремено реагирање или внимание;
– доколку корисникот не е во состојба да ја држи ма-
шината цврсто со двете раце и / или да одржува
стабилна рамнотежа на нозете при работа.
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за нез-
годите или опасноста по други лица или нивниот имот.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Во текот на работата, доколку е потребно, носе-
те соодветна облека што не ја попречува работата
на корисникот.
– Носете соодветна заштитна облека, надополнета
со заштита од сечење.
– Носете кацига, ракавици, заштитни очила, заштита
од прав и чевли со заштита од сечење и лизгање.
– Користете слушалки за да го заштитите слухот.
– Не носете марами, наметки, ремени и слични дода-
тоци што висат или се долги и би можеле да се за-
качат за машината или за предмети и материјали
кои се производ на работата.
– Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
2) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Г оривото е лесно
запалливо:
– конзервирајте го горивото во соодветен склад до
следното користење;
– не пушете кога се користи горивото;
– полека отворете го капачето на резервоарот оста-
вајќи внатрешниот притисок постепено да испари;
– полнете го карбураторот само на отворено со
помош на инка;
– полнете гориво пред да го запалите моторот; нико-
гаш немојте да го отворате капачето на резер-
воарот или да дополнувате гориво додека мото-
рот работи или е уште загреан.
– ако се истури гориво, немојте да го палите моторот,
туку прво отстранете ја машината од местото на
истурање и избегнувајте палење на оган додека не
испари целото истурено гориво.
– веднаш исчистете го секој остаток од истуреното
гориво од машината или од местото на истурање;
– не палете ја повторно машината на место каде се
долевало гориво;
– избегнувајте контакт на горивото со делови од
облеката, и доколку тоа се случи, пресоблечете се
пред да го запалите моторот;
– секогаш докрај затворајте го капачето на резервоа-
рот и на садовите со гориво.
3) Заменете ги неисправните или оштетените
пригушувачи.
4) Пред употреба, проверете ја машината детално, а
особено:
– рачката за брзини и безбедносната рачка треба да
се во слободно движење, без примена на сила и при
отпуштање треба да се вратат автоматски и брзо во
неутрална позиција;
– рачката за брзини треба да биде блокирана за да
не ја бутка безбедносната рачка;
– прекинувачот за застанување на моторот треба
лесно да се движи од една во друга позиција;
– електричните кабли, и особено каблите на свеќич-
ката треба да се интегрирани за да се избегне
генерирање искри и капакот треба да е правилно
поставен на свеќичката;
– прекинувачите и заштитата на машината треба да
се чисти и суви и правилно фиксирани за машината;
– кочницата за ланецот треба да функционира
перфектно и ефикасно;
– лостот и ланецот треба да се правилно склопени;
– ланецот треба да е правилно прицврстен.
5) Пред да започнете со работа, проверете дали сите
заштити се правилно поставени.
В) ЗА ВРЕМЕ НА КОРИСТЕЊЕТО
1) Немојте да го палите моторот во затворен простор
каде може да се соберат опасни јаглерод– монокси-
дни гасови.
2) Работете само на дневна светлина или при добро
вештачко осветление.
3) Заземете цврста и стабилна позиција:
– избегнувајте кога е можно да работите на мокар и
лизгав терен или на терени кои се многу нерамни
или закосени и не гарантираат стабилност на кори-
сникот при работата;
– избегнувајте користење на скалила или нестабилни
платформи;
– не работете со машината над висина во ниво на
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido