7 Предавање на производот на корисникот
6.
Проверете дали добро дихтува системот.
7
Предавање на производот на
корисникот
▶
По завршување на инсталацијата, покажете му ги на
корисникот местото и функцијата на безбедносните
уреди.
▶
Особено подучете го во врска со безбедносните сис-
теми, на коишто корисникот мора да внимава.
▶
Информирајте го корисникот за тоа, дека треба да го
одржува производот според наведените интервали.
8
Отстранување на пречки
8.1
Набавување на резервни делови
Оригиналните компоненти на производот се сертифици-
рани од производителот во текот на контролата за со-
образност. Ако за одржување или поправка користите
други, несертифицирани одн. недозволени делови, тоа
може да доведе до тоа, да се избрише сообразноста на
производот и потоа тој да не соодветствува на важеч-
ките норми.
Ние препорачуваме итна употреба на оригинални ре-
зервни делови од производителот, за да може да се га-
рантира непрекината и безбедна работа на производот.
За да добиете повеќе информации за достапните ори-
гинални резервни делови, обратете се на контактната
адреса, којашто е наведена на задната страна на прило-
женото упатство.
▶
Доколку за време на одржувањето или поправката
имате потреба од резервни делови, тогаш користете
исклучиво резервни делови, коишто се дозволени за
производот.
9
Контрола и одржување
9.1
Придржување до интервалите за контрола
и одржување
▶
Придржувајте се до минималните интервали за кон-
трола и одржување. Во зависност од резултатите од
контролата, можно е да се појави потреба од пред-
времено сервисирање.
9.2
Одржување на производот
Еднаш месечно
▶
Проверете дали се чисти филтрите за воздух.
–
Филтрите за воздух се направени од влакна и
може да се чистат со вода.
Полугодишно
▶
Демонтирајте ја маската на производот.
(→ Страна 90)
▶
Проверете дали се чисти изменувачите на топлина.
▶
Отстранете ги сите страни тела од површината на
ламелите на изменувачите на топлина, коишто може
да ја спречат циркулацијата на воздухот.
▶
Отстранете ја прашината со воздух под притисок.
96
▶
Измијте го внимателно со вода, исчеткајте го и потоа
исушете го со воздух под притисок.
▶
Бидете сигурни дека одводот за кондензат не е зат-
нат, бидејќи тоа може да влијае на прописниот одвод
на вода.
▶
Бидете сигурни дека нема повеќе воздух во хидрау-
личното коло.
Услови: Сѐ у ште има воздух во колото.
–
Стартувајте го системот и оставете да работи
неколку минути.
–
Исклучете го системот.
–
Олабавете ја завртката за проветрување на
повратниот вод на колото и испуштете го возду-
хот.
–
Повторете ги овие чекори колку што е
потребно.
Доколку не се користи подолг период
▶
Испразнете го уредот и производот, за да го зашти-
тите изменувачот на топлина од мраз.
9.3
Празнење на производот
035
1
050-100
2
1.
Поставете го соодветниот и доволно голем сад под
завртката за празнење.
2.
Олабавете ја завртката (1) на напојниот вод на хид-
рауличното коло, за да го испразните производот.
3.
За целосно празнење на производот издувајте ја
внатрешноста на изменувачот на топлина со воздух
под притисок.
4.
Поставете го соодветниот и доволно голем сад под
чепот за празнење на садот за кондензат.
5.
Отстранете го чепот (2).
Упатство за инсталација и одржување aroVAIR 0020249957_01
2
1