Milwaukee M18 FOPH-EA Manual Original página 58

Ocultar thumbs Ver también para M18 FOPH-EA:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 15
УПОТРЕБА
Избегнувајте употреба на влажна почва/трева.
Заштитата на ножот може да се блокира и да
предизвика неочекувани резултати. Ако заштитата на
сечилото се блокира, сопрете го уредот, извадете го
акумулаторот и отстранете ја нечистотијата од
заштитата на сечилото.
Држете го уредот со десната рака за задната дршка и со
левата рака за предната дршка. Секогаш да стоите зад
заштитата. Водете го уредот во удобна положба, така
задната рачка да се наоѓа во висината на колкот.
Водете го уредот по должина на површината и
избегнувајте било каков контакт со тврди предмети.
Ориентирајте се на работ на ножот, за да го усогласите
ножот со резниот раб.
Водете го уредот со постојана брзина. Ако ножот
заринка во земја, намалете ја резната брзина. Не го
притискајте ножот во земја.
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да
се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго
изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се
наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после
нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот
за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30
дена: Акумулаторот да се чува на температура од
приближно 27°C и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6
месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА ЛИТИУМ-
ЈОНСКА БАТЕРИЈА
Батериското пакување е опремено со заштита од
преоптоварување што ја штити батеријата од
преоптоварување и обезбедува долг работен век.
При екстремно висок степен на употреба, електрониката
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
114
МАКЕДОНСКИ
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Инспекцијата на производот изискува екстремнa
грижливост и стручно знаење. Оваа работа по секоја
цена препуштете му ја на квалификуван сервисер
техничар. Производот, со цел негова инспекција или
поправка, испратете го до овластениот сервисер. За
негово сервисирање користете идентични резервни
делови.
Пред да се изврши сервисирање или чистење на уредот,
потребно е истиот да се исклучи и да се извади
батеријата.
Извршете ги само оние подесувања и поправки што се
опишани тука. За ситр други видови поправки обратете
се до овластен специјализиран дилер.
Како резервен калап со конец користете само најлонски
конец на калап со дијаметар наведен во упатството.
По вметнувањето на новиот конец за сечење, пред да се
стартува производот потребно е да се доведе во
нормалната позиција за работа.
Чистете го производот пред секоја употреба со сува,
мека крпа. Оштетените делови да се поправат или да се
заменат од страна на овластениот сервис.
Проверете на пропишани растојанија, дали сите
навртки, завртки и штрафови се навлечени уредно, со
цел да се овозможи безбедна користење на производот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Носете ракавици!
Секогаш носете заштитна облека и цврсти
чевли.
Држете ги пристуните лица на безбедно
растојание од уредот.
Ротирачки нож за сечење
Материјалот може да летне
Насока на вртење на ножот
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на
дожд.
ОПАСНОСТ! За време на користење
избегнувајте контакт со ножот.
Гарантираното ниво на звучна моќност на
плочката за идентификација изнесува 96 dB.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
n
Ударен момент при не оптовареност (на
0
слободно)
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
115

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido