• Ако забележите чад, исклучете го апаратот или откачете го
од струја и оставете ја вратата затворена за да се задуши
евентуалниот пламен.
• Загревањето пијалаци со микробранови може да резултира
со задоцнето зовривање со претекување. Внимавајте кога
ракувате со садот.
• Содржината на шишињата за бебиња и теглите со бебешка
храна треба да се промеша или протресе, а пред
хранењето треба да се провери температурата за да се
избегнат изгореници.
• Јајца во нивната лушпа и цели тврдо варени јајца не смеат
да се загреваат во апаратот бидејќи можат да
експлодираат, дури и по завршувањето на загревањето со
микробранови.
• Апаратот треба редовно да се чисти и да се отстрануваат
сите остатоци од храна.
• Доколку апаратот не се одржува чист, може да дојде до
оштетување на површината, што пак негативно ќе влијае
врз работниот век на апаратот и може да резултира со
опасни ситуации.
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Апаратот мора
да го монтира само квалификувано
лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Апаратот може да се стави скоро секаде
во кујната. Внимавајте печката да биде
на рамна површина и отворите, како и
површините под печката да не се
94
блокирани (заради доволно
проветрување).
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од пожар и
струен удар.
• Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката со
спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не се
совпаѓа, контактирајте со електричар.
www.zanussi.com