Безбедносни Напомени - Rehau RE.GUARD Indicaciones De Seguridad

Tabla de contenido

Publicidad

За оваа документација
Оваа документација е извадок од техничките информации
„RE.GUARD уред за контрола на вода" (бр. 410600). Таму
ќе пронајдете дополнителни информации за RE.GUARD
уредот за контрола на вода.
Пиктограми и логоа
Во овој документ се употребени следните пиктограми и
логоа:
Безбедносна напомена
Правна напомена
Важни информации на кои треба да се внимава
Актуелност на упатствата
Заради вашата безбедност и заради правилна употреба
на производот, редовно проверувајте дали е издадена
нова верзија на овој документ. Датумот на издавање на
документот е испечатен на задната страна десно долу.
Увид во документот, преземањето на актуелната верзија,
како и други упатства, можете да пронајдете на www.
rehau.com/ti.
Прописна употреба
RE.GUARD управувачот со водата смее да се вградува и
користи исклучиво како што е опишано во техничката
документација „RE.GUARD уред за контрола на вода" (бр.
410600). Следењето на овие упатства спаѓа во концептот
за прописната употреба.
Инсталацијата и сервисирањето смее да ги прави само
стручен персонал што е соодветен и обучен за такви
задачи. Таквиот персонал својата стручност ја стекнува
MK
преку обука, искуство и следење на упатствата од
надредените со цел правилна инсталација, препознавање
и избегнување на можните опасности и следење на
релевантните и применливи регулативи (пр. регулативите
за безбедност при работа, електрична безбедност итн.)
Безбедносни напомени
Невнимавањето на упатствата може да предизвика
материјални или лични штети.
Не преземаме одговорност во случај на штети коишто
настанале поради невнимавање на упатствата.
Доколку не ги разбирате некои од безбедносните
напомени или поединечните чекори во упатствата, или
доколку не ви се јасни, обратете се кај REHAU (погледнете
ја задната страна).
54
Спречување несреќни случаи
Следете ги сите важечки национални и меѓународни
прописи за поставување, инсталација, спречување
несреќни случаи и безбедност додека вршите инсталација
на цевките и компонентите за инсталација за вода за
пиење, но следете ги и напомените во овој документ.
Закони, стандарди и одредби
Внимавајте на важечките закони, стандарди, директиви,
прописи (пр. DIN, EN, ISO, DVGW, NEN, VDE и VDI), како и
прописите за заштита на животната средина, одредбите
за професионално здружување и тие на локалните јавни
претпријатија.
Вградувањето на RE.GUARD уредот за
контрола на водата претставува една голема
промена во инсталацијата за водата за пиење, а
согласно повеќето национални регулативи,
вградувањето може да го прави само инсталатерска
фирма заведена во регистарот на компании.
Информирајте се за таквите национални регулативи
пред вградувањето.
Електрична безбедност
Опасност по животот поради струен удар
Проверете дали металните линии за вода во
постарите згради се користат како заземјување за
електричната инсталација. Добар индикатор за тоа е
водомер со премостувачки кабел.
Овозможете алтернативно заземјување пред да ја
отповрзете цевката.
Работите на електричниот систем смеат да ги извршуваат
само обучени и овластени лица. При неовластена и
непрописна работа, се појавува опасност по животот
поради струен удар.
Транспорт и складирање
RE.GUARD уредот за контрола на вода треба да го чувате
во затворена амбалажа и да го извадите од неа само
непосредно пред инсталацијата.
За време на транспортот и складирањето, не изложувајте
го уредот на мраз или топлина повисока од 50 °C.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

410600

Tabla de contenido