Rehau RE.GUARD Indicaciones De Seguridad página 56

Tabla de contenido

Publicidad

По вградувањето, инсталацијата за вода за
пиење треба да се исплакни согласно
националните регулативи и треба да се провери
дали дихтуваат сите новопоставени навојни
поврзувања. Во случај на употреба на средства за
пронаоѓање точки на протекување, мора однапред
да го консултирате производителот на производот
за тоа кој степен на изложеност го дозволуваат
материјалите на RE.GUARD уредот за контрола на
вода.
Употребувајте само средства за пронаоѓање точки на
протекување наменети за вода за пиење.
Приклучување на струја
Опасност по животот поради струен удар
За време на инсталирањето, може да дојде
до истекување на вода, што потоа може да
предизвика краток спој или струен удар.
Приклучната дозна, како и електричниот уред, не
смеат да бидат непосредно покрај или под
RE.GUARD уредот за контрола на вода.
За трансформација на наизменична струја од
110 во 230 V, уредот е испорачан со
соодветно напојување за струја. Смее да се
употребува само овој мрежен дел за приклучување
на RE.GUARD уредот за контрола на вода.
Во случај на дефект на мрежниот дел, на
располагање постои резервен дел преку одделна
нарачка.
Самиот RE.GUARD уред за контрола на вода се
користи со безбедна и крајно ниска волтажа од 12
V.
MK
REHAU препорачува RE.GUARD уредот за
контрола на вода да биде осигуран на коло
со заштита од прекумерен напон на коешто е
поврзан и потрошувач што често се користи (пр.
светло). Како резултат на тоа, може побрзо да се
детектира недостасувачкото мрежно напојување за
RE.GUARD уредот за контрола вода при активирање
на ова сигурносно струјно коло.
Со цел безбедно напојување со струја, потребна е
приклучна дозна за евро приклучница од типот С.
Целокупната должина на линијата од мрежниот дел до
RE.GUARD изнесува околу 1,25 m и не смее да се
продолжува, ниту да се крати. Избегнувајте механички
притисок на оваа линија.
56
За да ја зголемите безбедноста при откривањето
протекувања, REHAU препорачува да поставите батерии
за итен случај.
уштање во употреба
По вградувањето на RE.GUARD уредот за контрола на вода
и приклучувањето во мрежата, уредот ќе изведе
самостоен тест и по неколку секунди ќе биде подготвен за
работа. Од тој момент се добива заштита од протекување
на цевководот и од капење, но само со фабричките
поставки.
REHAU сериозно препорачува изведување на
чекорите во техничката документација за
„RE.GUARD уредот за контрола на вода" опишани во
поглавјето „4. Работа" – особено при ракување
преку апликација за паметен телефон – и
приспособување на сите поставки согласно
специфичноста на објектот. Само така може да се
загарантира најдобрата можна заштита на објектот
од штети предизвикани од водата.

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

410600

Tabla de contenido