Монтажа На Уредот; Општи Препораки; Монтажа На Уредот Без Лажен Таван; Монтажа На Уредот Во Лажен Таван - Vaillant VA 1-035 KN Instrucciones De Instalación Y Mantenimiento

Tabla de contenido

Publicidad

МОНТАЖА
4.2
Монтажа на уредот
4.2.1
Општи препораки
• Уредот треба да се прикачи на таванот со помош
на 4 прачки со навој. Уредот треба да се прикачи на
овие прачки со помош на шајбни и две навртки за
прицврстување на уредот на место.
• При монтажа на уредот, не користете ја фиоката за
капење за подигање бидејќи може да ја оштетите.
• Користете ги аглите на касетата за да го подигнете. Не
подигајте го уредот со помош на одводното црево за
кондензација или другите поврзани црева.
• Препорачуваме цревата за вода, одводните црева
за кондензација и електричните спроводници да се
монтираат пред монтажата на касетата во таванот.
• Предноста на ова се состои во тоа што уредот може
да се поврзе со водоводната мрежа, атмосферската
канализација и електричната мрежа за време на
монтажата или веднаш после неа.
• Монтажата на цревата по затворањето на таванот е
тешка и мора да се изврши низ отворот за проверка.
• Од безбедносни причини, најдобро е две лица да го
монтираат уредот.
• Откако ќе се прикачат одводните црева за кондензација
и другите црева, проверете дали уредот е сè уште на
своето место.
• Дното на уредот треба да е рамно со завршениот таван.
Неправилната монтажа може да предизвика неправилно
кружење на воздухот во уредот или во лажниот таван.
Тоа ќе ја намали ефикасноста на уредот и може да
доведе до кондензација на дното на уредот или на
таванот во негова близина.
4.2.2
Монтажа на уредот без лажен таван
Монтажните растојанија се прикажани во делот 3.
• Обележете ги местата на потпорните елементи според
назначените димензии, а потоа монтирајте ги држачите
на тие места.
• Пресечете ги држачите до потребните должини. (Треба
да се користат M10 прачки со навој).
• Секој потпорен држач треба да има навртка,
контранавртка под неа и навртка над неа.
• Монтирајте ја касетата на потпорните прачки, но сè уште
не затегнувајте ги контранавртките.
• Приспособете ја позицијата на касетата со помош на
навртките на прачката со навој под потпорните држачи
или со куката со навој, така што касетата да биде
хоризонтална и на правилната висина.
• Потоа затегнете ги горните навртки и контранавртките.
- 10 -
4.2.3
Монтажа на уредот во лажен таван
Монтажните растојанија се прикажани во делот 3.
Пресечете го лажниот таван според димензиите назначени
за моделот на касетата.
• Обележете ги местата на потпорните елементи според
назначените димензии, а потоа монтирајте ги држачите
на тие места.
• Пресечете ги држачите до потребните должини. (Треба
да се користат M10 прачки со навој).
• Секој потпорен држач на касетата треба да има навртка,
контранавртка под неа и навртка над неа.
• Можеби ќе треба да ја закосите касетата за да ја внесете
во отворот на лажниот таван.
• Монтирајте ја касетата на потпорните прачки, но сè уште
не затегнувајте ги контранавртките.
• Приспособете ја позицијата на касетата со помош на
навртките на прачката со навој под потпорните држачи
или со куката со навој, така што касетата да биде
хоризонтална и на правилната висина.
Прачка со
навој
Потпорен
држач
Куќиште
Навртка
Таван
Сл. 4.1
Монтажа на уредот во лажен таван.
aroVAIR · VA 1-KN Прирачник за монтажа - 11/16 - Vaillant 0020249957_00
Профил Т
Држач
Капак

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Va 1-050 knVa 1-100 kn

Tabla de contenido