Vaillant VA 1-035 KN Instrucciones De Instalación Y Mantenimiento página 79

Tabla de contenido

Publicidad

Внимателно прочитајте ги следниве информации за да
обезбедите правилно ракување со клима-уредот. Подолу се
наведени различни видови на безбедносни предупредувања
и препораки:
Овие апарати мора да се монтираат и користат во
согласност со важечките Регулативи и стандарди за
ладење, електрични и механички инсталации на локацијата
каде што ќе бидат монтирани.
Политиката на Valliant за постојано подобрување на
производите го задржува правото на компанијата да прави
измени во спецификациите без претходна најава.
Valliant не може да ги предвиди сите можни околности што
носат потенцијална опасност.
Овие апарати се дизајнирани и произведени со единствена
намена за ладење и загревање воздух; нивната примена
за други намени во домаќинството или индустријата ќе
подлежи на исклучива одговорност на лицата што ги
одредиле, монтирале или ги користат на тој начин.
Пред ракување, монтажа, вклучување, користење или
одржување на апаратот, лицата определени за вршење
на овие задачи треба да се запознати со сите упатства и
препораки наведени во прирачникот за монтажа на уредот.
Ако се случи каков било неправилен настан (на пр., мирис
на чад), веднаш исклучете го од електричната струја,
контактирајте со дистрибутерот и побарајте упатства.
Понатамошната употреба на вентилаторскиот конвектор при
вакви неправилни услови може да го оштети уредот и да
предизвика краток спој или пожар.
Не ставајте ги прстите или предмети во отворите за довод
и одвод на воздух или во решетките на апаратот додека
уредот е во функција; тоа може да предизвика повреди
поради големата брзина на вентилаторот.
Ако го отстраните и подоцна пак го инсталирате уредот,
мора да извршите нова проверка за да се уверите дека
монтажата е правилно извршена. Во спротивно, може да
дојде до протекување на вода, краток спој или пожар.
Мора често да го проверувате куќиштето на уредот за да
се уверите дека не е оштетено. Доколку е оштетено, а не е
поправено, може да падне и да предизвика несреќа.
Не ракувајте со апаратот со водени или влажни раце
поради ризик од струен удар.
Користете осигурувачи соодветни за дадениот модел. Не
заменувајте го осигурувачот со жица или друг материјал:
тоа може да предизвика дефект или пожар.
Не палете оган на патеката на воздушното струење на
уредот. Не користете спрејови или други запаливи гасови во
близина на уредот бидејќи тоа може да започне пожар.
Монтирањето на апаратот во близина на извор на топлина,
запалив или корозивен материјал е забрането.
За да го исчистите апаратот, исклучете го кабелот за
електрично напојување, на тој начин спречувајќи ризик од
краток спој или повреди.
Не чистете го апаратот со вода.
aroVAIR · VA 1-KN Прирачник за монтажа - 11/16 - Vaillant 0020249957_00
Поврзете го кабелот за заземјување со соодветната линија
(не со цевките за гас, вода, со неутрална линија или со
телефонската линија). Неправилното заземјување може да
претставува електрична опасност.
Правилно поврзете го цревото за кондензација за да
обезбедите ефикасното отстранување на кондензатот.
Неправилното поврзување може да предизвика
протекување на вода.
Монтирајте прекинувачи за да спречите кратки споеви.
Не оставајте го апаратот да работи при користење на
инсектициди и пестициди. Хемиските производи може
да влезат во клима-уредот и да влијаат на луѓето кои се
алергични на хемиски супстанции.
Избегнувајте долги периоди на изложеност на ладен воздух
од апаратот или на екстремни собни температури. Тие може
да претставуваат опасност по здравјето.
Не изложувајте ги на директно воздушно струење
животните или растенијата бидејќи тоа може да ги повреди
или да им наштети.
Кадарот задолжен за прием на уредот мора да изврши
визуелен преглед за да провери дали апаратот претрпел
оштетување при транспортот.
При поврзување на цревата, внимавајте да не дозволите
влегување на какви било супстанции од воздухот во
воденото коло.
Тоа може да го намали капацитетот на колото и да
предизвика несакан висок притисок во воденото коло.
Не менувајте ја должината на кабелот за напојување, не
користете продолжителен кабел и не споделувајте еден ист
штекер со повеќе електрични апарати.
Тоа може да предизвика пожар или струен удар.
Не инсталирајте го клима-уредот на следниве места:
• Во присуство на вазелин.
• Во солена средина (во близина на брегот).
• Во присуство на остар гас (на пр., сулфур) во воздухот
(во близина на термален извор).
• На локации подложни на големи промени во напонот на
електричната мрежа (фабрики).
• Во ормани со собирници или прекинувачи.
• Во кујни со големо количество на маслено испарување.
• Во близина на силна електромагнетна радијација.
• Во присуство на запаливи материјали или гасови.
• Во присуство на кисели или базни испарувања или
течности.
• други посебни околности.
ВОВЕД
МК
- 5 -

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Va 1-050 knVa 1-100 kn

Tabla de contenido