Дијамантско дупчење во бетон: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и
вредноста на емисијата на бучава се измерени според
мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу
електрични алати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата
на бучава ги претставуваат главните примени на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото
на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да
отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото
на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот
период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Дополнителна рачка (види слика A)
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (10).
Дополнителната рачка (10) може да ја подесите во 12
позиции, за да може безбедно и неуморно да работите.
Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (10) во
правец на вртење ➊ и притиснете ја дополнителната
рачка (10) нанапред, додека не се навали во соодветната
позиција. Потоа повторно повлечете ја дополнителната
рачка (10) наназад и свртете го долниот дел на рачката
во правец на вртење ➋ и затегнете го.
Подесување на длабочина на дупчење
Со граничникот за длабочина (7) може да се утврди
длабочината на дупчење X.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на
граничникот за длабочина (9) и поставете го граничникот
за длабочина во дополнителната рачка (10).
Извлечете го граничникот за длабочина до степен што
растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на
граничникот за длабочина ќе одговара на саканата
длабочина на дупчење X.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката за
подесување на граничникот за длабочина (9).
Bosch Power Tools
2
2
= 4,5 m/s
, K = 1,5 m/s
Промена на алат
h
u
Запчеста глава за дупчење со автоматски механизам
за заклучување (види слика D)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот. Клучот за затегнување на главата за
дупчење (12) ставете го во соодветните отвори на
запчестата глава за дупчење (1) и рамномерно затегнете
го алатот.
Запчеста глава за дупчење со рачна блокада (види
слика E)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (16),
додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (15)
ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за
дупчење (16) и рамномерно затегнете го алатот.
Со шестоаголникот на клучот за затегање на главата за
дупчење (15) свртете го ексцентарот во правец ➋ до
крај. Со тоа ќе се осигура силата на затегнување.
За да го извадите алатот за вметнување свртете го
ексцентарот во правец ➊ и отворете ја запчестата глава
(16) со клучот за затегање на главата за дупчење (15).
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (13) секогаш
треба да користите универзален држач за битови (14).
Користете само битови што се соодветни на главата за
навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот
„Дупчење/ударно дупчење" (2) на ознаката „Дупчење".
Менување на главата за дупчење
u
Демонтирање на главата за дупчење (види слика F)
За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење (1)
ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 17 mm)
на површината на клучот на погонското вратило.
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Ставете го клучот за главата за
дупчење (12) во еден од трите отвори на запчестата
глава (1) и олабавете ја запчестата глава (1) со овој лост
со вртење во правец ➊. Јако зацврстената запчеста глава
ќе ја ослободите со лесен удар на клучот за затегање на
главата за дупчење (12). Извадете го клучот за
затегнување на главата за дупчење (12) од запчестата
глава и целосно одвртете ја запчестата глава.
Монтирање на главата за дупчење (види слика G)
Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите
по обратен редослед.
При менување на алатот носете заштитни ракавици.
За време на долготрајни работни процеси, главата за
дупчење може да се вжешти.
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
1 609 92A 57X | (21.04.2020)
Македонски | 137