Descargar Imprimir esta página

Bosch GML 20 Professional Manual Original página 173

Ocultar thumbs Ver también para GML 20 Professional:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
OBJ_BUCH-1181-003.book Page 173 Friday, February 20, 2015 10:58 AM
втор пат. На екранот се појавува приказот g.
Напомена: Само во оваа функција десно на приказот
се појавува d бројот на моменталната папка на
картичката одн. USB-стикот. За да ја смените папката,
мора најпрво да се вратите во нормална репродукција
и да изберете наслов од саканата папка.
– За да го повторите само моментално репродуцираниот
наслов, притиснете на копчето за случајна репро-
дукција/повторување на репродукција 20 по трет пат.
На екранот се појавува приказот h.
– За да се вратите на нормална репродукција, притиснете
на копчето за случајна репродукција/повторување на
репродукција 20 по четврти пат, за да не се појави
ниеден од приказите f, g или h на екранот.
– За да ја стартувате репродукцијата притиснете на
копчето Репродукција/Пауза 24.
Приклучување на надворешна аудио репродукција
(види слика C)
Моменталниот аудио сигнал на радио апаратот за
градилиште можете да го пренесете и на останатите уреди
за репродукција (на пр. засилувач и звучник).
Извадете го заштитното капаче на „LINE OUT"-отворот 30
и ставете го 3,5-mm-приклучок во соодветен AUX-кабел во
отворот. Приклучете соодветен уред за репродукција на
AUX-кабелот. Заради заштита од нечистотии повторно
ставете го заштитното капаче на „LINE OUT"-отворот 30,
откако ќе го извадите приклучокот на AUX-кабелот.
Напојување со енергија на надворешни уреди
Напојувањето со енергија на надворешни уреди преку
12-V- и приклучокот за наизменична струја е можно само
преку мрежниот приклучок на радио апаратот за
градилиште, но не и преку ставената батерија.
Доколку радио апаратот за градилиште е приклучен на
електрична мрежа, зелената контролна сијаличка 3 свети
за потврда.
USB-приклучок
Со помош на USB-приклучокот може да се користат одн.
да се наполнат повеќето уреди, чиешто напојување со
енергија е возможно преку USB (на пр. различни мобилни
телефони).
Отворете го лостот за заклучување 8 и отворете го
поклопецот за медиумски датотеки 9. Поврзете го USB-
приклучокот на надворешен уред преку соодветен USB-
кабел со USB-отвор 33 на радио апаратот за градилиште.
За да се стартува процесот на полнење, надворешниот
уред на радио апаратот за градилиште мора да се одбере
како аудио извор.
12-V-приклучок (види слика C)
Со помош на 12-V-приклучок, надворешниот електричен
уред можете да го користите со 12-V-приклучок и
максимално 1 A потрошувачка на струја.
Извадете го заштитното капаче на 12-V-приклучен
конектор 29. Ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во 12-V-приклучен конектор.
Bosch Power Tools
12-V-приклучок е заштитен со осигурувач 32. Доколку на
приклучокот на надворешниот уред нема напон, отворете
го лостот за заклучување 8 и отворете го поклопецот за
медиумски датотеки 9. Одвртете го безбедносното капаче
31 и проверете, дали се активирал ставениот осигурувач
32. Доколку се активира осигурувачот, поставете нов фин
осигурувач (5 x 20 mm, 250 V максимален напон, 1 A
номинална струја и брза активирачка карактеристика).
Повторно затегнете го безбедносното капаче 31.
Напомена: Користете исклучиво 1-A-осигурувачи за
максимален 250 V напон („250V 1A FUSE FOR 12V
OUTLET"). Доколку користите други осигурувачи, може да
се оштети радио апаратот за градилиште.
Освен тоа, 12-V-приклучок е заштитен со внатрешен
топлотен осигурувач, кој се активира при прекумерно
загревање. Осигурувачот автоматски се враќа во
стартната позиција, откако ќе се излади радио апаратот за
градилиште.
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го
заштитното капаче на 12-V-приклучен конектор 29,
доколку сте го извадиле надворешниот приклучок.
Приклучок за наизменична струја („Power Outlets")
(не кај број на артикл 3 601 D29 760)
Со помош на приклучокот за наизменична струја можете
да користите и други надворешни електрични уреди.
Приклучниците може да бидат различни, во зависност од
важечките прописи во земјата на користење.
Збирот на максимално дозволената потрошувачка на
струја на сите приклучени електрични уреди не смее да ја
пречекори вредноста наведена во следната табела
(погледнете го и натписот на куќиштето под поклопецот 4):
Број на дел/артикл
Збир на максимална
потрошувачка на струја (во A)
3 601 D29 700
15
3 601 D29 730
9
3 601 D29 770
12
3 601 D29 7W0
15
3 601 D29 7X0
9
Отворете го поклопецот 4 на приклучокот за наизменична
струја и ставете го приклучокот на надворешниот
електричен уред во приклучницата 5 на радио апаратот за
градилиште.
Приказ на време
Радио апаратот за градилиште располага со приказ на
времето со одделно напојување со енергија. Доколку во
преградата се ставени резервни батерии со доволен
капацитет (види „Ставање/менување на батериите за
резервно напојување", страна 170), времето може да се
зачува, дури и доколку радио апаратот за градилиште е
исклучен од напојувањето со енергија преку мрежен
приклучок или батерија.
Македонски | 173
1 609 92A 119 | (20.2.15)

Publicidad

loading