Epson SC-R5000 Serie Instrucciones De Seguridad página 98

Ocultar thumbs Ver también para SC-R5000 Serie:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
Додека вршите одржување носете заштитна облека, вклучувајќи заштитни очила,
ракавици и маска.
Ако отпадното мастило или течноста за чистење дојдат во допир со вашата кожа или
влезат во очите или устата, преземете ги веднаш следните дејства:
❏ Ако течноста се залепила на вашата кожа, измијте ја веднаш користејќи големи
количини вода и сапун. Доколку кожата изгледа надразнето или со изменета боја,
советувајте се со лекар.
❏ Ако во очите навлезе течност, исплакнете ги веднаш со вода. Непочитувањето на оваа
мерка за претпазливост може да доведе до крварење на очите или благо воспаление.
Ако проблемите продолжат, советувајте се со лекар.
❏ Ако во устата навлезе течност, советувајте се веднаш со лекар.
❏ Ако течноста се проголта, не присилувајте го лицето да поврати и советувајте се
веднаш со лекар. Ако лицето е принудено да поврати, можно е течноста да застане во
душникот, што може да биде опасно.
Чувајте ги единиците со мастило, единиците за снабдување со мастило за чистење,
течноста за чистење и отпадното мастило вон дофат на децата.
Откако ќе го замените шишето за отпадно мастило или ќе ја употребите течноста за
чистење, измијте ги темелно рацете и исплакнете го грлото.
Кога сечете медиум, внимавајте да не ги исечете прстите или рацете со ножот или со
другите сечила.
Не тресете ја прекумерно единицата со мастило или единиците за снабдување со
мастило за чистење.
Ако ги тресете или ги замавнувате прекумерно, мастилото или течноста за чистење може
да истечат од патроните или од единиците со мастило.
Не тријте ги рацете вдолж рабовите на медиумот.
Рабовите на медиумот се остри и можат да предизвикаат повреда.
Бидејќи медиумот е тежок, не треба да го пренесува едно лице.
Ви препорачуваме користење на дигалка за медиум потежок од 40 кг.
Не расклопувајте ја единицата со мастило или единицата за снабдување со мастило
за чистење.
Ако се расклопат, мастилото или течноста за чистење може да истечат од патронот и да
дојдат во допир со очите или да ви се прилепат на кожата.
Други белешки
❏ Кога го преместувате печатачот или кога монтирате дополнителни додатоци, исклучете
ги сите кабли за напојување за да го исклучите целосно напојувањето.
❏ Бидете сигурни дека напојниот кабел ги исполнува соодветните безбедносни стандарди
на просторијата во која планирате да го користите.
❏ Поврзете ја сета опрема со правилно заземјени штекери.
❏ Не ставајте ги рацете во производот и не допирајте ја главата на печатачот додека се
врши печатење.
❏ Не ставајте ги рацете во производот и не допирајте го белиот рамен кабел додека се
врши печатење.
98
98
!
Опомена

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Sc-r5000l serie

Tabla de contenido