Milwaukee M18 BPFP-CST Manual Original página 73

Ocultar thumbs Ver también para M18 BPFP-CST:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 30
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ТРАНСПОРТ И ЧУВАЊЕ
• Отстранете ja заменливата батерија.
• Бидете сигурни дека сите делови се чисти и суви.
• Исчистете го уредот од сите туѓи супстанции.
• Испразнете го резервоарот пред транспорт или за подолго
складирање.
• По секоја употреба проверете го уредот за протекување.
Протекувањето треба да се поправи од овластен сервисен центар.
• Стапчето за прскање може да се чува во држачот.
• Осигурајте го производот при транспорт од движење или пад, за да
се спречи повреда на лица или оштетување на производот.
• Чувајте го уредот на ладно, суво, добро проветрено место, подалеку
од дофат на деца. Избегнувајте контакт со нагризувачки средства,
како што се градинарски хемикалии или патна сол. Уредот не треба
да се чува на отворено.
ПРЕОСТАНАТ РИЗИК
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се исклучат сите
преостанати ризици. При употребата може да настанат следните
опасности, на кои операторот треба особено да внимава:
Опасност од електричен шок Не насочувајте ја струјата на течноста
кон електрични контакти, кабли или електрични апарати.
Контакт со опасни материи. Течностите за прскање можат да
предизвикаат повреди при вдишување, голтање или при контакт со
кожата или со очите. Следете ги инструкциите во овој прирачник и
носете соодветна заштитна опрема.
НАОЃАЊЕ НА ГРЕШКИ
ПРОБЛЕМ
МОЖНА
РЕШЕНИЕ
ПРИЧИНА
Притисокот е
Батеријата не е
Наполнете ја
премногу
доволно наполнета
батеријата
низок
Нема притисок
Батеријата не е
Наполнете ја
доволно наполнета
батеријата
Протекување
Приклучоците не
Затегнете ги
се правилно
приклучоците
поврзани,
правилно, заменете ги
заптивките се
заптивките
порозни
Моторот не
Батеријата е
Наполнете ја или
работи
празна или
заменете ја батеријата
дефектна
Нема струја на
Млазниците се
Исчистете ги
течноста
затнати
млазниците со
компримиран воздух
или со соодветен
растворувач
МЛАЗНИЦИТЕ СЕ ЗАТНАТИ
Ако млазниците се затнати, веднаш исклучете ја прскалката.
Бидете сигурни дека одделот за батерии е правилно затворен.
Носете заштитна опрема како што се ракавици и очила.
Извадете ги млазниците и исчистете ги со чиста вода. Заменете ги
дефектните филтри.
144
МАКЕДОНСКИ
ЧИСТЕЊЕ НА РЕЗЕРВОАРОТ
1. Бидете сигурни дека одделот за батерии е правилно затворен.
2. Извадете го резервоарот од основниот уред и ставете го на рамна
површина, подалеку од основниот уред, за да се спречи да
основниот уред дојде во контакт со груби хемикалии.
3. Извадете го капакот на резервоарот и наполнете го резервоарот со
вода до околу една третина. Ако е потребно, можете да додадете
мала количина на детергент за домаќинство. За тешко загадување,
исто така можете да наполните топла вода (максимум 50 °C).
Затворете го капакот и протресете ја водата во резервоарот.
4. Повторно ставете го резервоарот и прскајте ја водата, додека
резервоарот се не испразни. Бидете внимателни да не ја
насочувате струјата кон подрачје што може да се оштети од
хемиските остатоци во резервоарот.
5. Повторете го овој процес со чиста вода, додека резервоарот не е
темелно исчистен. Исчистете ги млазниците со вода од
надворешната страна и избришете ги со крпа.
6. Избришете ја надворешната страна на резервоарот со чиста, сува
крпа.
7. Овозможите да се сите делови добро исушат пред да ги
инсталирате и да го зачувате уредот. Секогаш прво ставете го
ситото пред да го наместите капакот на резервоарот.
ОДРЖУВАЊЕ
За инспекција на уредот треба особено внимание и стручност.
Сервисот треба да го изведува само квалификуван сервисен техничар.
Препорачуваме да го испратите уредот до овластен сервисен центар.
За одржување користете само оригинални резервни делови.
Извршете ги само нагодувањата или поправките наведени во овој
прирачник. За други работи, ве молиме контактирајте со овластен
сервисен центар.
Исчистете го уредот по секоја употреба како што е опишано во овој
прирачник.
Пред чистење испразнете го резервоарот.
За таа цел, испразнете ја течноста за прскање преку отворот за
полнење.
Испуштете ја течноста за прскање во специјален сад наменет за
хемикалии. Не чувајте ја течноста за прскање во резервоарот.
Секогаш користете чиста вода за чистење и плакнење на резервоарот.
Ако е потребно, можете да додадете мала количина на детергент за
домаќинство.
Избришете го уредот со чиста, сува крпа.
Можеби ќе треба да го исплакнете резервоарот неколку пати.
Чистење на електричните контакти
Осигурете се дека електричните контактни точки помеѓу долната
страна на резервоарот и основниот уред се секогаш чисти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред чистењето на електричните контакти
отстранете ја заменливата батерија. Исчистите ги електричните
контакти со сува чиста крпа.
Резервоар
Електрични контакти
Основен уред
Отстранување
Никогаш не фрлајте хемиски остатоци или контаминирана вода за
плакнење во водотеци, канализација, одводни канали, олуци или
шахти.
Хемиските остатоци и празните садови треба да се отстранат во
согласност со локалните прописи за отпад.
ДОДАТОЦИ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете
внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на
каков и да е зафат врз машината.
Електричните апарати и батериите што се полнат не
смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата за
заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
Постојано да се носат заштитни очила!
Носте штитник за уши.
Носете соодветна заштитна маска.
Користете заштитна облека
Носете ракавици!
Носете цврсти чевли кои не се лизгаат!
Заштитете ја заменливата батерија од дожд. Не
користете ја заменливата батерија во влажни
подрачја.
Не прскајте запаливи течности.
Електрична заштита од класа III.
Отстранете ja заменливата батерија.
Чувајте ги електричните контакти чисти.
Држете ги пристуните лица на безбедно растојание
од работниот простор!
Не прскајте во правец на луѓето или животните!
Не прскајте против зид!
Не прскајте против ветрот!
Не држете ја млазницата нагоре! Прскајте само
надолу!
Тежина кога уредот е празен
(вклучувајќи основен уред,
резервоар, заменлива батерија)
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
145

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

M18 bpfp-ccstM18 bpfp-wstM18 bpfph

Tabla de contenido