SKIL MASTERS 9412 Manual Original página 153

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 49
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА АГОЛНИ БРУСАЛКИ
1) БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
ОПЕРАЦИИ СО БРУСЕЊЕ, ПЕСКАРЕЊЕ,
ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ ИЛИ
АБРАЗИВНО ОТСЕКУВАЊЕ
a) Овој алат е наменет да за брусење, пескарење,
четкање, полирање или сечење. Прочитајте ги
сите безбедносни предупредувања, упатства,
слики и спецификации што се обезбедуваат со
овој алат. Непочитувањето на сите упатства подолу
може да доведе до електричен удар, пожар и/или
сериозна повреда.
b) Не користете дополнителна опрема којашто
производителот на алатот специфично не ја
наменува или препорачува. Само заради тоа што
одредена дополнителна опрема може да се прикачи
на алатот, тоа не значи дека ќе обезбеди безбедна
работа.
c) Номиналната брзина на дополнителната опрема
мора ба биде барем еднаква на максималната
брзина посочена на алатот. Дополнителната
опрема којашто работи побргу од номиналната
брзина може да се откачи.
d) Надворешниот дијаметар и дебелината на
дополнителната опрема мора да бидат во
рамките на капацитетот посочен на алатот.
Несоодветната големина на дополнителната опрема
не може соодветно да се обезбедува и контролира.
e) Поставувањето на дополнителната опрема со
протнување мора да се совпаѓа со нишката
на ободот на брусилката. Кај дополнителната
опрема што се поставува со крилца, целиот
отвор на опремата мора да се вклопува во
дијаметарот на крилцето каде што ќе се
постави. Дополнителната опрема којашто не
соодветствува на елементот за поставување кај
алатот нема да работи рамномерно, ќе вибрира
прекумерно и може да предизвика да ја загубите
контролата.
f) Не користете оштетена дополнителна
опрема. Проверете ја дополнителната опрема
пред секоја употреба за да утврдите дали
абразивните тркала содржат парчиња и
пукнатини, дали потпорните подлошки
имаат пукнатини, дали челичните четки
имаат разлабавени или скинати жици. Ако
алатот или дополнителната опрема паднат,
проверете дали се оштетиле или ставете
неоштетена дополнителна опремаXX По
проверката и поставувањето на дополнителната
опрема, поставете се подалеку од опсегот
на ротирачката дополнителна опрема, потоа
вклучете го алатот на максималната брзина
да работи една минута без оптоварување.
Оштетената дополнителна опрема обично ќе се
откачи во текот на овој период за проверка.
g) Носете лична опрема за заштита. Зависно
од употребата, носете заштита за лице,
безбедносни очила или заштитна маска.
Ако е соодветно, носете маска за прашина,
заштита за уши, ракавици или престилка што
имаат капацитет да ги застануваат ситните
абразивни честички или остатоци од работата.
Заштитата за очи мора да овозможува застанување
на разлетаните остатоци од работата при разни
операции. Маската за прашина или респираторот
мора да имаат капацитет за филтрирање на
честички коишто се генерираат при работата.
Продолжено изложување на голема бучава може да
го оштети слухот.
h) Стојте настрана на безбедно растојание од
областа за работа. Секој што ќе пристапи до
областа за работа мора да носи лична опрема
за заштита. Честичките од работата или од
скршена дополнителна опрема може да одлетаат и
да предизвикаат повреда подалеку од областа за
работа.
i)
Држете го алатот само за изолираните
површини за зафаќање кога извршувате работа
при која што дополнителната опрема за сечење
може да дојде во контакт со сокриените жици
или со кабелот. Ако дополнителната опрема за
сечење дојде во контакт со жица под напон, може
да ги електрифицира металните делови на алатот и
да предизвика електричен удар на операторот.
j)
Поставете го кабелот подалеку од
дополнителната опрема којашто се врти. Ако
изгубите контрола, кабелот може да се пресече
или се попречи и раката или дланката може да се
повлечат кон дополнителната опрема којашто се
врти.
k) Никогаш не оставајте го алатот додека
дополнителната опрема не се смири во целост.
Опремата којашто се врти може да се закачи за
површината и да ја изгубите контролата врз алатот.
l)
Не вклучувајте го алатот додека го носите
отстрана. Случајниот контакт со дополнителната
опрема којашто се врти може да се заплетка во
облеката и да го повлече алатот кон телото.
m) Редовно чистете ги отворите за вентилација
на алатот. Вентилаторот на моторот вовлекува
прашина во куќиштето, а прекумерната акумулација
на иситнет метал може да предизвика електричен
удар.
n) Не работете со алатот близу запаливи
материјали. Искрите може да ги запалат овие
материјали.
o) Не користете дополнителна опрема којашто
бара течни разладувачи. Употребата на вода или
други течни разладувачи може да предизвикаат
електричен удар или смрт.
2) ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
• Повратен удар е неочекувана реакција на потфатено
или заглавено тркало, подлошка, четка или која
било друга дополнителна опрема. Потфаќањето или
заглавувањето предизвикуваат нагло попречување
на вртењето што предизвикува алатот врз кој
веќе немате контрола да се потисне во правец
обратен од ротацијата на опремата кај точката на
поврзување.
• На пример, ако абразивното тркало се потфати или
заглави со остаток од работата, работ на тркалото
којшто навлегува во потфатената област може да
153

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido