Bosch GCM 12 GDL Professional Manual Original página 360

Ocultar thumbs Ver también para GCM 12 GDL Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

All manuals and user guides at all-guides.com
OBJ_BUCH-1360-003.book Page 360 Wednesday, November 11, 2015 2:13 PM
360 | Македонски
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 38 до жлебот 18 за 0°. Лостот
16 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повлечете го десниот продолжеток на граничните
водилки 9 целосно надвор.
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4
од 0°-позиција малку на лево и свртете го
ротационото копче 39 додека не се прикаже
десното подрачје на аголот на закосување.
– Навалете ја лизгачката рачка на дршката 4 надесно до
крај (45°).
Проверете: (види слика W1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 38.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 40.
Поставување: (види слика W2)
– Завртете ја или одвртете ја завртката за подесување 72
со вилушкаст клуч (8 mm) додека кракот на аголното
мерило не се преклопи по целата должина со листот на
пилата.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 17.
Ако показателот на агли 33 и 24 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 32 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 38 до жлебот 18 за 0°. Лостот
16 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика X1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка
10 и листот на пилата 40 на масата за пилата 38.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 40.
Поставување: (види слика X2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 73 со инбус
клучот (4 mm) 20 и свртете ја масата за пила 38 заедно
со скалата 37, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 59 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 37, олабавете ја
завртката 74 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
1 609 92A 285 | (11.11.15)
Подесување на силата на затегнување на
затегнувачкиот лост 17 (види слика Y)
Силата на затегнување на затегнувачкиот лост 17 може
дополнително да се поставува.
Проверете:
– Силата на затегнување на затегнувачкиот лост мора да
ја држи сигурно позицијата на лизгачката рачка при
било кој вертикален агол на закосување.
Поставување:
– Олабавете ја затезната рачка 17.
– Свртете ја завртката за подесување 75 со клуч за
втиснување (17 mm) во правец спротивен на стрелките
на часовникот, за да ја намалите силата на затегнување
или свртете ја во правец на стрелките на часовникот за
да ја зголемите силата на затегнување.
– Поставете вертикален агол на закосување, повторно
цврсто затегнете го затегнувачкиот лост 17 и проверете
дали е постигната посакуваната сила на затегнување.
Транспорт (види слика Z)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Притиснете ја лизгачката рачка 28 целосно наназад и
фиксирајте ја во оваа позиција (види „Осигурување на
лизгачката рачка", страна 353).
– Проверете дали граничникот за длабочина 30 е
целосно притиснат наназад и дали завртката за
подесување 29 при движењето на лизгачката рачка без
да дојде во контакт со граничникот за длабочина
одговара на процепот.
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека
транспортниот осигурувач 31 не се притисне сосема
навнатре.
– Повлечете ги продолжетоците на масата за пила 11
сосема навнатре.
– Поставете вертикален агол на закосување од 0° и
цврсто затегнете ја затезната дршка 17.
– Свртете ја масата за пила 38 до крај на лево и затегнете
го копчето за фиксирање 15.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 76.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
7 или фатете го за жлебовите за држење 19 странично
на масата за пила.
 При транспорт на електричниот апарат користете
само транспортни уреди, а никогаш заштитни уреди,
лизгачка рачка 28 или дршка 4.
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido