Cybex Silver PALLAS M-FIX SL Manual Del Usuario página 127

Ocultar thumbs Ver también para PALLAS M-FIX SL:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
6. Влечете го каишот за рамо паралелно на скутниот каиш назад во
жлебот за водење на каиш (g) и затегнете го каишот за рамо. Погрижете
се двата дела на каишот да ја покриваат целата ширина на заштитникот
(f) во жлебот за водење на каиш (g).
7. Затегнете го добро каишот за рамо низ жлебот за водење на каишот на
заштитникот (g) сè додека не се прицврсти во водилката на каишот.
8. Ставете го каишот за рамо помеѓу наслонот за глава (c) и наслонот за
грб (b). Каишот за рамо не мора да минува низ водилката на каишот
за рамо (i).
ПРЕФРЛАЊЕ ОД ГРУПА 1 НА ГРУПА 2/3
Отстранете го заштитникот (f) штом детето достигне тежина од 18 кг.
Префрлањето од група 1 на група 2/3 не е дозволено ако детето тежи
��
помалку од 15 кг. Чувајте го заштитникот на безбедно и сигурно место.
ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО БЕЗ ЗАШТИТНИК - ГРУПА 2/3 (ОД 15 ДО
36 КГ)
1. Насочете го каишот на седиштето на возилото околу детето и внесете го
јазичето на каишот во закопчувалката. Мора да го закопчате добро и да
го слушнете карактеристичниот звук.
2. Поставете го скутниот каиш во црвените водилки на скутен каиш (h) на
седиштето за автомобил.
3. Повлечете го каишот за рамо за да го притегнете скутниот каиш.
4. На страната на седиштето за автомобил што се наоѓа до
закопчувалката, каишот за рамо и скутниот каиш мора да се внесат
заедно во водилката на скутниот каиш (h).
5. Влечете го каишот за рамо низ водилката на каишот за рамо (i) сè
додека не влезе во водилката на каишот.
6. Бидете сигурни дека каишот за рамо минува преку клучната коска
на детето и дека не го допира вратот на детето. Ако е потребно,
приспособете ја висината на наслонот за глава (c) за да ја измените
позицијата на каишот.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на седиштето за автомобил се состои од 4 дела (наслон за
глава, наслон за грб, перниче и заштитник). Тие се прицврстени заедно
на неколку места со дрикер-копчиња. Штом ќе ги откопчате сите дрикер-
копчиња, ќе може да ги отстраните поединечните делови на навлаката.
За да ги поставите повторно навлаките на седиштето за автомобил,
следете ги упатствата за отстранување по обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на
��
програма за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави
бледнеење на материјалот на навлаката. Перете ја навлаката
одделно од друга облека и не сушете ја во машина за сушење алишта
или на директна сончева светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВИ ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој
производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која
производот му е продаден на клиентот во малопродажба. Содржината
на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на
гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата
е прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите
законски права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата земја.
MK
125

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido