МК - Упатство за безбедност
• Производот треба да го монтира
квалификувано лице во согласносст
со регулативите кои се во сила.
Производителот не е одговорен
за штетите кои произлегуваат
од постапките кои ги изведуваат
неовластени лица, што е нешто
што може да ја направи неважечка
гаранцијата.
• Подготовката на локација и
електричната инсталација на
производот е на одговорност на
потрошувачот. Пред да се јавите на
овластениот сервис, проверете дали
електричната инсталација е соодветна.
Доколку не е, повикајте квалификуван
електричар за да ги направи
потребните подготовки.
• Производот мора да се монтира во
согласност со сите локални прописи за
струја.
• Пред да го монтирате производот,
отстранете ги сите материјали
и документи во него и визуелно
проверете дали производот има
некакви дефекти на него. Доколку има,
не го монтирајте.
• Производот е тежок, најмалку двајца
треба да го носат.
• Откачете ги електричните врски
во областа на монтирање пред
монтирањето.
• Неуспехот да се монтираат завртките
или опремата за прицврстување во
согласност со упатствата, може да
дојде до електрична опасност.
• Може да има остри површини на
делови од производот. Секогаш носете
заштитни ракавици при монтирање.
• Доколку производот не е доволно
зацврстен, може да постои ризик
од паѓање. Проверете дали сите
прицврстувања се добро зацврстени.
• Ширината на аспираторот треба да
биде еднаква најмалку на ширината на
плотната.
• Димензиите дадени во дијаграмите за
монтажа се во mm.
• Воздухот што треба да се исцрпи
со аспираторот не треба да води во
оџак што го користат други уреди што
согоруваат гас или други горива. (Не
само за уреди кои го враќаат воздухот
во просторијата)
• Прописите во однос на издувниот
воздух мора да се почитуваат.
Монтирање на производот
Димензии на производот и
безбедносни мерки (Слика 1-2)
• Обрнете внимание на димензиите на
производот. Проверете ја соодветната
поставеност за мебелот. (Слика 1)
• Висината помеѓу долната површина
на аспираторот и горната површина на
плотната не треба да биде помала од
650 mm за плински рингли, 500 mm
за електрични рингли. (Слика 2)
* На сликите за монтирање, како пример
е направена демонстрација на плинската
рингла, а големината што треба да се
остави на ринглата е прикажана како 650
mm. Доколку имате електрична плотна,
како референца нека Ви биде мерењето
за рингла од 500 mm.
Контрола и подготовка на ѕидот
што ќе се постави
• Ѕидот на кој ќе се вгради производот
мора да биде во исправена и рамна
положба, што ја има носивоста на
производот.
• На ѕидот што треба да се постави и
околу дупките што треба да се дупчат
не смее да има приклучоци за вода,
струја и гас.
Поврзување на апаратот со струја
• Овој уред, произведен со кабел за
напојување со двојна лента, мора
да биде поврзан со електричната
мрежа со електричен прекинувач
со растојание од најмалку 3 mm
помеѓу биполарните контактни кабли.
Електричните поврзувања нека ги
направи квалификуван електричар.
• Пред да започнете каква било
работа на електричната инсталација,
исклучете го производот од
електричната мрежа. Постои ризик од
струен удар!
• Само овластено и квалификувано
лице треба да го поврзе производот
со електричната мрежа. Гарантниот
период на производот започнува само
по правилна монтажа. Производителот
не е одговорен за штетите кои
произлегуваат од постапките кои ги
изведуваат неовластени лица.
25